
14.03.2023
Што е приватност по дизајн и кои се нејзините карактеристики
Приватност по дизајн или техничка и интегрирана заштита на личните податоци е концепт според кој функционалностите за заштита на личните податоци се вградени во самите услуги или производи, на пример: електронските јавни услуги, се вградуваат во алатките уште во процесот кога тие се креираат. Дознајте повеќе за овој концепт на визуелизацијата подолу:

20.02.2023
Што е GDPR?
GDPR e термин што го среќаваме се почесто, но дали знаеме што точно означува? Оваа визуелизација содржи кратко објаснување на тоа што е GDPR, нејзината примена и нејзината цел.

15.02.2023
Препораки за унапредување на усогласеноста на работењето на граѓанските организации со Законот за заштита на лични податоци
Овие инфографици содржат препораки кои ќе им помогнат на граѓанските организации да ја подобрат својата усогласеност со Законот за заштита на личните податоци

10.02.2023
Закон за заштита на лични податоци
Правото на заштита на лични податоци, освен е што е уредено со Уставот, е гарантирано и со Законот за заштита на лични податоци.

07.02.2023
Побезбеден интернет за сите
Интернетот се смета за еден од најголемите пронајдоци во историјата на човештвото. Интернетот го револуционизираше начинот на кој комуницираме, овозможувајќи ни да останеме поврзани 24/7 со пријателите, семејството и луѓе од целиот свет. Интернетот ни дава брз пристап до информации од секој агол на светот. Ова ни овозможува да останеме информирани за глобалните настани, обезбедувајќи […]

24.01.2023
Визуелизација: Кој и како ги прибира нашите лични податоци преку интернет?
Користењето интернет, за многумина, е рутина која ја практикуваат секојдневно и многупати во текот на денот. Дали знаевте дека со секое користење на интернет, споделуваме наши лични податоци? Ако се прашувате кој и како ги прибира овие податоци, инфографикот подолу ќе ви ги даде одговорите што ги барате.

15.01.2023
Правна основа при обработка на личните податоци
Дали ви се случило одредени фирми да ве „бомбардираат“ со пораки за роденден, честитки за најразлични празници или најнови понуди или попусти? Според Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), фирмите треба да имаат легитимна цел за обработка на вашите лични податоци. На пример, доколку им се потребни вашето име и презиме и датум на […]

09.01.2023
Зошто треба да ја читаме „Политиката за приватност“
Според Законот за заштита на личните податоци, контролорите имаат обврска на јасен и едноставен јазик да образложат кои лични податоци, на каков начин и за кои цели ги прибираат и ги обработуваат личните податоци. Овој општ документ од информативен карактер најчесто можеме да го сретнеме како „Политика за приватност“. Во овој текст ќе образложиме повеќе […]

15.12.2022
Основни поими и начела на Законот за заштита на личните податоци
За да ги разбереме подобро правата на граѓаните според Законот за заштита на личните податоци, како и обврските што овој закон ги наложува спрема оние што обработуваат лични податоци, како и за да го користиме овој закон поефикасно со цел заштита на нашите лични податоци, најпрво треба да разбереме некои основни поими и начела врз […]

13.12.2022
Што можеме да направиме за да се заштитиме од кибер-напади?
Во вториот дел од нашиот серијал се запознавме со начините на кои нашата мета – Јане – кој може да биде секој од нас ќе биде хакиран, и зошто таквиот напад ќе успее. Во овој дел ќе позборуваме за начините на кои можете да станете потешка мета и да го намалите ризикот од хакерски напад. […]

12.12.2022
Како се изведуваат хакерските напади?
Во првиот дел од нашиот серијал се запознавме со нашата мета – Јане – кој може да биде секој од нас, и разгледавме зошто Јане е добра мета, иако е сосема просечен човек. Во овој дел ќе позборуваме за начините на кои хакерите ќе нѐ нападнат. Многу методи за напад, но на сите метата сама […]

11.12.2022
Зошто сме мета на напади во нашиот дигитален свет?
Во првиот дел од нашиот серијал за сајбер безбедност ќе позборуваме за причините кои нè прават мета на хакерски напади. Во овој текст ќе го ставиме читателот во улога на мета, и ќе разгледаме зошто хакерите би Ве нападнале во зависност од нивниот мотив. Image by Gerd Altmann from Pixabay Запознајте го Јане, мета на […]