Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • интерес од области поврзани со дејноста на фондацијата
  •  интерес и познавање со објавување содржини на веб
  • одлична вербална и пишана комуникација на македонски и англиски јазик
  • напредни компјутерски вештини (познавање на апликации за канцелариско работење, ажурирање на веб-сајтови, работа со софтвер за мултимедијална обработка и користење на социјални медиуми за промоција)
  • способност за тимска работа

Некои од основните обврски на секој волонтер ќе бидат:

  • Логистика за настани организирани од Фондацијата Метаморфозис
  • Одржување на профили на социјални медиуми
  • Истражување и пронаоѓање на содржина на одредени теми
  • Инсталирање на софтвер
  • Превод на разни статии за информатичко општество

Покрај наведените обврски волонтерот ќе има и други задачи во зависност од проектите кои се изведуваат во конкретниот период.

Заинтересираните кандидати треба да волонтираат минимум 3 месеци, со минимално работно време од 4 часа во денот. Во периодот на волонтирање, Фондацијата Метаморфозис ќе ги покрива трошоците за превоз и храна на волонтерот.

Сите заинтересирани може да пратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо по електронска пошта на elena@metamorphosis.org.mk. Краен рок за испраќање на апликации: 11.11.2013 година.

Сподели: