BIR5X08CMAAhMO_.jpg_large

Настанот кој се одржува во Seavus едукативниот и развоен центар го отвори координаторот на проектот во Македонија кој ги охрабри учесниците да веруваат во себе.

“Драги учесници, тука сте за да си покажете себеси, а и на светот дека вашиот труд вреди, дека вашите знаења и талент се рамни на оние кои го однеле човекот до Месечината, вселенските ровери на Марс, а Војаџер 1 до границите на сончевиот систем. Бидете сигурни во тоа што ќе го работите, и верувајте им на својата креативност, способности, можности, талент и знаење”, изјави Војдан Јорданов координатор на проектот.

Директорката на Seavus едукативниот центар во кој и се одржува настанот во своето обраќање до присутните нагласи дека клучни зборови со кои може да се опише настанот се нови идеи, иновативнот и соработка.

“Верувам дека повеќето од Вас кога мислат на иновации мислат на одбрани луѓе кои работат во специјални услови и по однапред дефинирани процедури. Но Ве уверувам дека иновативноста не е резервирана само за специјални луѓе поставени на специјални места. За уникатни и значајни идеи потребна е помалку хаотична околина каде луѓе со различна позадина и искуство, од различни возрасни групи па дури и континенти, ќе дојдат во интеракција, каде ќе имаат можност за споделување на размислувања, искуства, грешки, недооформени идеи… кои кога ќе се поврзат ќе резултираат во нешто многу поголемо. Токму можност за вакво нешто имате Вие во следните 48 часа”, изјави Ирена Чаушевска, директор на Seavus едукативен и развоен центар.

На отварањето на настанот присуствуваше и Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски кој истакна дека и во Македонија има кадри кои можат да се носат рамо до рамо со светски компании.

„Она што Владата и Министерството за информатичко општество и јавна администрација го имаат направено изминативе години е токму тоа, да докажеме дека Македонија е земја на информатичари и дека покрај тоа што сме мала земја ние сме умствено силна, рамо до рамо со која било друга земја. Токму затоа и НАСА ја селектира Македонија да биде меѓу тие 80 градови коишто денеска паралелно со вас овде ќе се натпреваруваат за најдобрите апликации”, рече министерот Ивановски.

NASA Space App Challenge е најголемиот hackathon настан во светот според бројот на пријавени учесници, чија цел е решавање предизвици за изнаоѓање корисни open-source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената. На предизвиците во Македонија овој викенд ќе работат над 100 учесници.

Дводневниот настан се оддржува истовремено на 83 локации во светот и ќе инкорпорира предизвици од хардвер, софтвер и визуализација на податоци.

Најдобрите решенија ќе бидат наградени, а проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата за подоцна да се вмрежат со победничките решенија на интернационално ниво.

Метаморфозис е локален партнер на настанот, а главен организатор е ИТ компанијата Seavus.