На завршниот настан во рамките на проектот „Истражувачкото новинарство, чувар на човековите права и слободи“ беше промовирана истражувачката видеосторија „Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат – Мерка притвор“. Сторијата, замислена како студија на случај, се занимава со проблемите на новинарите при обезбедување официјални информации од државните институции. Цел на истражувањето беше мерката притвор во правосуднниот систем во Македонија во текот на 2016 година. Во текот на истражувањето беа консултирани повеќе експерти од правосудството, цивилниот сектор, како и новинари. Во согласност со Законот, беше користено и правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Прв дел
Втор дел
Трет дел

По видеопрезентацијата на сторијата, учесниците дебатираа за потребата од промена на Законот за пристап до информации од јавен карактер, како и за поголема отвореност на институциите кога станува збор за достапноста на информациите од јавен карактер.

ZavrshnaFotka1

Сашка Цветковска истакна дека високите цени со кои се наплаќа информацијата од македонските институции, го ограничуваат правото на информации не само за новинарите туку и за сите граѓани. Високите цени за информации и за податоци се дел и од проблемите на социјално загрозените групи граѓани за пристапот до правда, истакна Цветковска.

Понатаму се дискутираше за тоа колку пристапот до државните институции преку интернет е за нивна промоција и се користи само како алатка за односи со јавноста, а колку навистина е сервис на граѓаните. Од дискусијата, исто така, можеше да се заклучи дека потребата од бесплатни интернет-сервиси останува битен елемент за подобрување на услугите што институциите ги обезбедуваат за граѓаните.

 

Проектот беше спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, а финансиран од Европската Унија и од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје, преку Центарот за управување со промени.

Сподели: