“Истражувачка сторија: Граѓаните талкаат по шалтерите, С. Македонија е 10 години зад Европа во областа на дигитализацијата (I)” – Порталб.мк
Граѓаните на Северна Македонија тешко можат да добијат документи „со само едно кликнување“ на Интернет. Ова се случува затоа што државата обезбедува ограничени електронски услуги, потенцијалот на е-порталот не се користи целосно, а граѓаните, иако имаат опрема, немаат доволно информации за електронските услуги. Според истражувањето што го направи „Порталб.мк“, произлегува дека дури не е познато колку граѓани ги користеле овие услуги, во споредба со традиционалните услуги – со физичко присуство. Доколку РСМ би се дигитализирала како земјите од Европската унија, чија што членка има намера да стане, тогаш некои документи, кои не треба да постојат, ќе бидат повлечени од употреба, бидејќи истите ги зголемуваат трошоците на граѓаните и претставуваат губење време при аплицирање и чекање за нивно добивање.
Ги исполнуваме стандардите кои важеа во 2010 година
Северна Македонија заостанува зад земјите од регионот и Европа во однос на спроведувањето на електронските услуги и нивното подигнување на повисоко ниво.
„Истражувањата покажуваат дека Македонија во 2020 година е под нивото што го достигнаа земјите од Европската унија во текот на годината 2010 г. што покажува дека многу сме задоцниле во обезбедувањето на електронските услуги и во нивното подигнување на повисоко ниво“, вели за „Порталб.мк“, Марјан Гушев, професор на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство во Скопје.
Во меѓувреме, другите држави рапидно се развиваат во оваа насока.
„Студијата покажува дека најновата проценка на софистицираноста на онлајн услугите за е-влада на Северна Македонија е 77 отсто и 62 отсто, и тие се целосно достапни според стандардот на 2010 г. Перформансите на услугите за е-влада во Северна Македонија се пониски од просекот на ЕУ постигнат во 2010 г. како и од резултатот на стандардите од 2020 година. Иако, во споредба со достигнувањата во изминатите години, софистицираноста и целосната достапност на е-услугите покажува значителни подобрувања, сепак јазот со другите земји на ЕУ расте со текот на времето. Оваа анализа покажува дека РСМ ќе го достигне европското со задоцнување од 11 години. Нашата анализа покажува експоненцијален раст на онлајн софистицираноста на е-услугите, меѓутоа и другите земји на ЕУ имаат ист ваков раст. Како заклучок, јазот и разликата експоненцијално се зголемуваат. Одложениот почеток и бавниот напредок ќе треба да се решат преку покоординирани активности за да се достигнат последните чекори на земјите од ЕУ“, е заклучокот на научниот труд на универзитетските професори Марјан Гушев, Изабела Акимоска и Анита Антиќ.
Обезбедувањето електронски услуги е законска обврска
Во Законот за општата управна постапка, во многу членови се нагласува обврската на државните органи да обезбедуваат електронски услуги за граѓаните.
„Порталб.мк“, само за илустрација, наведе само 3 членови каде институциите се должни да постапуваат по електронски пат.
- Член 17: Јавниот орган и овозможува на странката пристап до јавниот орган и по електронски пат.
- Член 37: Комуникацијата помеѓу јавните органи и странките може да се одвива во писмена форма, усно или во електронска форма.
- Член 39: Поднесоците можат да се предадат непосредно или да се испратат по пошта, или усно да се соопштат на записник. Тие, исто така, можат да се испратат и во електронска форма согласно закон.
Од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), кој е носител на процесот на дигитализација на електронските услуги, велат дека во овој мандат тие имаат некои приоритети што треба да ги придвижат напред, со цел граѓаните да изгубат што е можно помалку време за услуги со многу министерства, јавни институции, училишта, градинки и сл.
„Нашето министерство штотуку доби грант од претпристапните фондови на Европската унија, според кој ќе развиеме над 130 електронски услуги во рамките на овој владин мандат. Иако сега сме во фаза на идентификација на овие услуги, критериум за избор на услугите ќе биде степенот на употреба на истите, инсистирајќи на тоа услугите каде граѓаните и деловните субјекти најмногу чекаат во долги редици и губат време, да биде предмет на дигитална трансформација. Ова директно ќе влијае на борбата против корупцијата, елиминирање на човечкиот фактор за добивање услуга“ – вели за „Порталб.мк“, Шпетим Љатифи, советник на министерот за информатичко општество и администрација.
Не постои унифицирана база на податоци со сите податоци за електронските услуги, не е познато колку тие се користат
Северна Македонија нема унифицирана база на податоци со официјални податоци во врска со обезбедувањето на електронските услуги. Всушност, не е познато колку граѓани ги користеле овие услуги, во споредба со традиционалните услуги – со физичко присуство. Затоа, се обративме до некои од институциите кои даваат услуги и според информациите што ги добивме, може да се каже дека граѓаните сè уште, во голем мера, одат на шалтерите.
„Порталб.мк“ се обрати до МИОА, но тие ни рекоа дека не поседуваат такви податоци.
Министерството за правда, односно Управата за водење на матичните книги го има создадено Матичниот електронски регистар преку кој, граѓаните можат да аплицираат за услугите на оваа институција. За да поднесе барање за издавање документи, граѓанинот треба да креира свој профил со лозинка. Овој портал нуди и плаќање преку интернет.
Побаравме статистички податоци за тоа колку граѓани ги користеле нивните услуги по електронски пат, а колку со физичко присуство, но ни рекоа дека немаат такви податоци. Тие ни понудија само број на електронски барања издадени од Националната платформа „е-услуги“. Според податоците, од 1 Јануари 2019 година до 10 септември 2020 година, преку порталот „е-услуги“ биле поднесени околу 27.764 година барања до ова министерство. Порталот во моментов има 26.129 регистрирани корисници.
И Министерството за труд и социјална политика, коешто обезбедува низа услуги за граѓаните, нема статистички податоци за тоа колку граѓани од секторите под надлежност на ова Министерство добиле документи во електронска форма, а колку со физичко присуство.
Неофицијално, извори од Министерството велат дека мнозинството граѓани ги вадат документите со физичко присуство, а многу мал број во електронска форма. Во отсуство на овие податоци, МТСП ни достави податоци за користењето на правото на граѓаните за слободен пристап до информации од јавен карактер. Овие податоци покажуваат дека граѓаните претпочитаат да ја користат формата со физичко присуство.
„Во текот на 2019 година, за услугата за слободен пристап до информации од јавен карактер примени се вкупно 112 барања, од кои 107 во хартиена форма, а 5 во електронска форма. Во 2020 година (до септември), 27 граѓани доставиле барање во писмена форма, а 13 во електронска форма“ – велат од МТСП.
Податоците на Министерството за внатрешни работи во врска со закажувањето термини за издавање на лични документи покажуваат дека граѓаните остануваат верни на старата постапка, и покрај тоа што во 2020 година има зголемување на корисниците на електронска платформа, во споредба со 2019 година, кога оваа платформа имаше застој.
„Во 2019 година преку Центарот за повици биле издадени 413.092 документи, а преку услугата на интернет 21.862. Во 2020 година заклучно со август, по телефон биле издадени 295.231, a преку онлајн услугата 104.607“ – велат од Министерството за внатрешни работи.
За разлика од нив, според податоците на Централниот регистар за барањето да се има увид во моменталната состојба на субјектите, повеќе била искористена електронската услуга.
Од јануари 2019 година до средината на септември 2020 година оваа услуга во електронска форма ја искористиле над 140.000 граѓани, а во писмена форма, или со физичко присуство над 100.000 граѓани.
Но, од друга страна, услугата „Забрана за вршење професија, дејност или должност“ по електронски пат ја искористиле 588 граѓани, а 7.111 други тоа го направиле преку физичко присуство. Истата состојба се појавува и со услугата „Забрана за учество на јавни повици, јавни набавки“, каде 936 граѓани ја користеле во електронска форма, а 7.358 со физичко присуство. Услугата „Потврда за стечајна постапка“ ја користеле 15.004 странки преку постапката со физичко присуство, а 26.154 во електронска форма.
„Порталб.мк“, исто така ги анализираше електронските услуги што се нудат на локално ниво.
Иако до ЗЕЛС доставивме низа прашања во врска со нивото на дигитализација на општините, дали имаат статистички податоци за нивната искористеност, дали имаат финансиски и човечки ресурси и дали соработуваат со централната власт, тие не ни одговорија.
Во Извештајот за 2019 година за работата на ЗЕЛС, се вели дека постои Единица за поддршка на електронските услуги за општините (ЗЕПЕ), преку која е овозможено забрзано реализирање на една од стратешките приоритетни цели на ЗЕЛС за поддршка на своите членови во создавањето на „е-општини“.
Како што е наведено во извештајот, на општинско ниво постојат 7 платформи за електронски услуги, но ние ги проверивме и увидовме дека повеќето од нив не се функционални.
Сепак, мала е искористеноста дури и на оние што се функционални.
„Преку информацискиот систем http://www.gradeznadozvola.mk општините во 2019 година издадоа 2.109 одобренија за градење, додека преку информацискиот систем за јавно електронско јавно наддавање за спроведување на постапката за продажба и давање под закуп на недвижни и движни ствари http://www.estvari.mk имаа околу 100 „објави за аукции“ – се вели во извештајот.
Позитивни примери за обезбедување и користење на електронски услуги
Според Извештајot на ИЦЕДА, проект на „Метаморфозис“ во врска со моменталната состојба и унапредувањето на дигиталната агенда во Северна Македонија, постојат и позитивни примери каде електронските услуги биле успешни.
„И покрај сите предизвици, искуствата со реформите за олеснување на пристапот на граѓаните до електронските услуги во Северна Македонија се охрабрувачки“ – се вели во извештајот.
Позитивен пример е работењето на интернет порталот „МојТермин“ кој го води Министерството за здравство во директна соработка со здравствени институции од сите сегменти на здравствената заштита, со главна цел да се воспостават автоматски процеси на работа во координација со сите нивоа на здравствената заштита, здравствената администрација и аптеките. Здравствените услуги неодамна беа збогатени со воведувањето на услугата „е-рецепт“ за хронична терапија за болните, кој беше пуштен во употреба по пандемијата.
Други позитивни примери се „електронскиот систем за електронско плаќање на патарина“ кој беше оценет како успешен со продажба на над 12.000 уреди за електронско плаќање за два месеци, но и системот „е-данок“ што го поедностави даночното пријавување, кое претходно се практикуваше само на хартија. Како продолжение на овој систем, беше создадена и апликацијата „МојДДВ“ што овозможува поврат на ДДВ за индивидуалните даночни обврзници. Апликацијата има над 100.000 симнувања и според проценките на властите го намали нивото на затајување данок и донесе дополнителни приходи во буџетот.
„Порталб.мк“ разговараше со претставници на Управата за јавни приходи, една од институциите што нуди повеќе услуги онлајн.
Според податоците на УЈП, во вториот квартал на 2020 година, во системот „е-данок“ имало вкупно 133.795 регистрирани корисници, од кои, 89.927 биле правни лица, а 43.868 физички лица.
„УЈП, покрај тоа што ги обезбедува скоро сите услуги на граѓаните во електронска форма и не е потребно да се доаѓа во просториите на УЈП, преку даночните канцеларии им дава упатства на сите оние граѓани кои не знаат како да ги користат електронските услуги“ – вели за „Порталб.мк“ Михајло Михајлов од УЈП.
Според нив, најчесто даночните канцеларии ги посетуваат граѓаните кои не знаат како да поднесуваат/прикачуваат преку електронскиот систем за е-даноци аконтативни пресметки за приходите од издавање под закуп – потврда на Годишната даночна пријава, пополнување на аконтактивната пресметка за остварување на приходите врз било која основа и слично.
(продолжува утре: Порталот на РСМ за електронски услуги е полуфункционален, граѓаните имаат опрема, но не добиваат информации)
Оваа истражувачка сторија е изготвена како дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА, ко-финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово).
Оваа истражувачка сторија е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината од оваа истражувачка сторија е единствена одговорност на Фондација Метаморфозис и авторот и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.
Сподели:
Останати блог текстови
Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа
07.11.2024
Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]
Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори
30.10.2024
Присутноста на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање за време на овогодишните парламентарни избори беа темите дискутирани на панел-дискусијата водена од Билјана Бејкова и Татјана Богусевич, во рамки на конференцијата „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на […]
Истражување на Метаморфозис: Колку повеќе државни пари за порталите од една коалиција, толку помала непристрасност
30.10.2024
Распределбата на рекламните банери произлезе дека е политички мотивирана, и во одредени случаи партиите даваа предност на информативните интернет портали кои нудеа позитивно уредничко покривање на кампањата. Тоа укажува на стратешки пристап на партиите во насока на подобрување на нивната видливост и влијание врз јавната перцепција преку поволни медиумски написи, се вели во истражувањето на […]
„Пари, медиуми и избори“: Се бараат итни промени во Изборниот законик и надзор врз буџетските пари во порталите
30.10.2024
Итни промени во Изборниот законик пред локалните избори догодина, надзор и контрола врз онлајн порталите кои добиваат буџетски пари за рекламирање на политичките партии за изборите и укинување на платеното политичко рекламирање од буџетот на државата. Ова накратко беа клучните поенти и предлози на надлежните од Државниот завод за ревизија (ДЗР), Државната комисија за спречување […]
Истражувањето за дезинформациите и граѓанското општество ги потенцира големите демократски предизвици низ Европа
05.09.2024
TechSoup, преку својата програма за дигитален активизам, објави четири сеопфатни извештаи за регионално мапирање кои ги осветлуваат критичките предизвици и итните потреби на граѓанските организации низ Европа. Развиени со заеднички напори преку мрежата на партнери на TechSoup низ Централна и Источна Европа, овие извештаи обезбедуваат детален преглед на итните прашања со кои се соочуваат граѓанските […]
Наша летна препорака за читање
29.07.2024
Кога се работи за летно читање повеќето би избрале лесни забавни содржини, но за оние кои се заинтересрани за нешто подлабоко имаме одлична препорака. „Миражот на вистината: комплексности и предизвици на дезинформациите во Западен Балкан“ е совршена лектира за оние кои сакаат да дознаат повеќе за пејсажот на дезинформациите во регионот. Публикацијата опфаќа теми како: […]