Што е дигитален идентитет и зошто ни е потребен?
Забрзаниот напредок на технологијата го истакна нејзиното огромно влијание врз нашиот секојдневен живот во смисла на обезбедување брзи решенија што се лесни за употреба во поглед на нашите потреби. Тој влијаеше и врз начинот на кој го гледаме светот и се развиваме како општество, но и како и поединци.
Владите ги прифатија процесите на дигитализација за да обезбедат различни механизми за учество на граѓаните, со цел да им овозможат на граѓаните побрзо и непречено да комуницираат со јавната администрација.
Но, ако се навратиме на она што е најважно, која би била една од најважните работи за да може да ги оствариме своите права и да комуницираме не само со јавната администрација туку и со други субјекти и поединци, и воопшто – да може целосно да учествуваме во современото општество? Тоа е да бидеме сигурни дека комуницираме токму со вистинското лице или институција и да докажеме дека сме токму онакви какви што велиме дека сме.
Затоа е важно да се разбере што е идентитет и што тој значи во дигиталниот свет.
Во психологијата, идентитетот најчесто се дефинира како „чувство на личноста за себе, утврдено според нејзините единствени карактеристики, припадности и општествени улоги“.
Од друга страна, во онлајн сферата, нашиот дигитален идентитет е „начин безбедно да потврдиме кои сме на интернет, при што ни се нуди заштита на податоците и заштита на нашите лични информации“. Во практика, тоа претставува продолжување на нашите документи за идентификација, но и групирани информации за нас што постојат на интернет, а можат да обезбедат наше дигитално претставување како поединци.
Различни видови дигитални идентитети
Ние може да го докажеме нашиот идентитет онлајн на неколку начини. Ова обично вклучува различни видови информации во зависност од платформата што ја користиме или нивото на услуги што сакаме да го добиеме.
Може да зборуваме за два вида онлајн идентификација што секојдневно ја потврдуваме:
- Доверлива идентификација
- Мека (флуидна) идентификација
Првиот вид обично го издаваат доверливи даватели на услуги или власти. Нивниот кредибилитет е висок, а тие се наш доказ дека ние сме токму тој поединец во системот, овозможувајќи ни да користиме услуги на е-влада, деловни услуги, финансиски трансакции итн.
За другиот вид идентификација, на пример, не ни е потребна нашата државна лична карта за да добиеме пристап до нашата е-пошта или до профилите на социјалните медиуми. Ние користиме акредитиви што се единствени за нас, како што е името на нашиот акаунт и лозинката за да добиеме пристап до нашите профили и понатаму да ги користиме. Главната разлика помеѓу овие два вида идентификација е нивната сигурност и кредибилитет бидејќи меката идентификација е повеќе склона кон прекршувања во поглед на податоците, сајбернапади, кражби на идентитет и други видови опасности што демнат на интернет.
Слика од jcomp на Freepik
Електронската идентификација и Западен Балкан
Според Европската Унија, дигиталниот (електронски) идентитет е „средство со кое луѓето може да докажат по електронски пат дека се тоа што велат дека се и на тој начин да добијат пристап до услугите. Идентитетот дозволува субјектот (граѓанин, бизнис, администрација) да се разликува од кој било друг“. Објаснето е дека, во однос на гледањето на електронскиот идентитет, поединецот обично е вклучен во „повеќе сектори (на пр. даноци, социјално осигурување, образование, телефонски услуги, банкарски услуги) и често има различни улоги (на пр. државен службеник, адвокат или татко)“, така што до податоците поврзани со неговите единствени карактеристики треба да се пристапи самостојно, но тоа исто така треба да е поддржано со соодветна законска рамка, особено во однос на заштитата на податоците и како можеме индивидуално да управуваме и да контролираме со нашите податоци како граѓани.
Кога станува збор за Западен Балкан, мал број земји почнаа да применуваат електронски лични карти (eID). Всушност, Црна Гора во моментов е единствената земја што во целост го спроведе системот за обезбедување eID (од 2020 година), но, за жал, не се развиени многу услуги за кои може да се користат овие електронски лични карти. Според Министерството за јавна администрација и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, новите (електронски) лични карти треба да овозможат лесен пристап до електронските услуги, но се смета дека ниското ниво на информираност за употребата на електронските лични карти е една од најголемите пречки за поширока употреба на eID. Од друга страна, пак, според Извештајот за опсерваторија за дигитална агенда на Црна Гора за 2022 година, податоците од фокус групата за тестирање на активирањето и користењето на eID, покажаа дека тоа е тешко и не е наменето за „просечното ниво на вештини на граѓаните“, иако се обезбедени упатства за употреба во пишана форма.
Темата електронска идентификација и прашањето дали можеме да имаме квалитетни е-услуги без дигитален идентитет беше дискутирана за време на Регионалните дијалози за дигиталната агенда, организирани во јуни 2022 година, каде што претставници на институции и на граѓански организации се собраа да разменат знаења и да разговараат за предизвиците и за решенијата на ова актуелно прашање во регионот, како и за потребата од понатамошно подобрување на пристапот до јавните електронски услуги на граѓаните.
Кога станува збор за Северна Македонија, граѓаните можат да добијат одредена количина е-услуги што не се целосно дигитализирани преку Националниот портал за е-услуги. За да можат да ги користат е-услугите, тие најпрво треба да се регистрираат преку систем за единствена најава (СЕН) со внесување на своето корисничко име (е-пошта) и лозинка, со што ќе се формира нивниот профил на системот за единствена најава. Понатаму, одредени проверки се вршат во процесот на регистрација за да се поврзе нивниот профил на СЕН со нивниот идентитет. Косово го лансираше и порталот за е-услуги eKosova кој во 2022 година имаше околу 676.000 регистрирани корисници, преку кој граѓаните можат да преземаат различни видови документи, какви што се изводи од матичната книга на родените.
Од 1 мај 2022 година, владата во Албанија одлучи да премине целосно онлајн, а преку е-Albania (владин портал) почна да ги подготвува првите електронски или дигитално верификувани сертификати, како и да става електронски печат на документ, со кој се потврдува дека е документ издаден од владин орган. Спротивно на тоа, во Србија се користи биометриска лична карта за регистрација на владиниот портал и иако нивото на дигитализација рапидно се забрза поради политичката волја да се фокусира на дигиталната трансформација, претставниците на граѓанскиот сектор се тие што сметаат дека порталот uprava.rs не е лесен за употреба и дека тешко може да ги најдат посакуваните услуги како достапни.
————————————————————————————————————————————
Овој едукативен текст е подготвен со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој текст е единствена одговорност на авторите и во никој случај не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академијата за е-Влада (Естонија), Левизја Мјафт! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ОПК – Отворени податоци Косово (Косово). Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сподели:
Останати блог текстови
Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат
29.01.2025
Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]
Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените
30.12.2024
Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]
Д-р Сем Пауер: Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано
03.12.2024
Парите во политиката се како вода, течат неконтролирано, можете да поставите брани, но тие ќе најдат пат околу браните и ќе дотечат онаму каде што нема препреки. Слично е и со парите за интернет порталите во изборните кампањи, поточно ако не е регулирано има проблем. Не постои држава навистина, каде било, која има контрола, дали […]
Пари за портали во изборна кампања – не се знае кој пишува, ама се знае кој плаќа
07.11.2024
Во второто истражување ја објавуваме базата на податоци со сите 150 интернет портали кои добиле државни пари од парламентарните избори, заедно со податоците за тоа која коалиција дала пари на секој од нив поединечно Фото: Колаж, Мета.мк Од вкупно 150 интернет портали кои добиле државни пари за рекламирање на партиските коалиции за парламентарните избори во […]
Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори
30.10.2024
Присутноста на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање за време на овогодишните парламентарни избори беа темите дискутирани на панел-дискусијата водена од Билјана Бејкова и Татјана Богусевич, во рамки на конференцијата „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на […]
Истражување на Метаморфозис: Колку повеќе државни пари за порталите од една коалиција, толку помала непристрасност
30.10.2024
Распределбата на рекламните банери произлезе дека е политички мотивирана, и во одредени случаи партиите даваа предност на информативните интернет портали кои нудеа позитивно уредничко покривање на кампањата. Тоа укажува на стратешки пристап на партиите во насока на подобрување на нивната видливост и влијание врз јавната перцепција преку поволни медиумски написи, се вели во истражувањето на […]