mediumski-item-img-1.png

16.10.2015

Недела на отворен пристап 2015 – Приклучете се!

Неделата на отворен пристап, која се одржува во периодот 19 – 25 октомври ширум светот, е можност за академската и истражувачката публика да продолжат со откривање на потенцијалните придобивки од отворениот пристап, да се сподели стекнатото знаење со колегите и да помогне во инспирирањето на пошироко учество во поттикнувањето отворениот пристап да постане нова норма […]

mediumski-item-img-1.png

15.10.2015

Успешно одржана обука во Струга за справување со говорот на омраза

На 14 октомври во Струга се одржа втората обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 16 претставници на медиумите како и неколку локални медиуми кои ја […]

mediumski-item-img-1.png

14.10.2015

Промоција на проектот против говор на омраза

На 13 октомври 2015 се одржа иницијалниот настан, организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права за проектот против говор на омраза, поддржан од страна на NED (National Endowment for Democracy). На истиот беше промовирана Платформата за борба против говорот на омраза, која е отворена за приклучување од страна на организации и поединци, а е во […]

mediumski-item-img-1.png

14.10.2015

Слобода наместо страв: Трибина на тема безбедност на комуникации

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија ќе организира трибина на тема безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите. Трибината ќе се одржи на 19 октомври, од 11 до 12:30 часот во ГЕМ клубот во Скопје, а […]

mediumski-item-img-1.png

14.10.2015

Отворена консултација: Анализа на законската рамка за образование и можностите за имплементација на отворените образовни ресурси

На 22.10.2015 (четврток), со почеток во10.00 часот во ГЕМ Клуб во Скопје, ќе се одржи презентација на нацрт-верзијата на Анализа на законската рамка за образование и можностите за имплементација на отворените образовни ресурси. По презентацијата ќе следи отворена консултација во однос на заклучоците и препораките произлезени од оваа анализа. Ве покануваме да го дадете вашиот […]

mediumski-item-img-1.png

13.10.2015

Покана за настан: We Can Code

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Универзитетот на Југо-Источна Европа, на 17 октомври, го организираат настанот We Can Code по повод Европската недела на кодирање Europe Code Week. Настанот ќе се одржи во просториите на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Скопје, со почеток од 10:00 часот до 18:00 часот. Денес живееме во свет кој е под […]

mediumski-item-img-1.png

13.10.2015

Повик за учество: Работилница за безбедно користење мобилни телефони

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија ќе организира повеќе активности меѓу кои и Работилница на тема безбедно користење на мобилни телефони

mediumski-item-img-1.png

13.10.2015

Прва јавна консултација „Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи“

Фондацијата Метаморфозис на 13.10.2015 во Скопје, а во рамките на проектот Мапирање на дигитализацијата во Република Македонија одржа јавна консултацијан како дел од активностите предвидени со проектната имплементација. На консултацијата беа поканети сите чинители од радиодифузната сфера: медиуми, новинари, провајдери на аудиовизуелни медиумски услуги, регулаторни тела, државни/јавни институции, маркетинг агенции, медиумски здруженија и други релевантни […]

mediumski-item-img-1.png

09.10.2015

Најава: Прва јавна консултација „Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи“

На 13.10.2015 (вторник), во Хотел Холидеј Ин во Скопје, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи првата јавна консултација „Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи“. Оваа јавна консултација е дел од проектот „Мапирање на дигитализацијата во радиодифузијата во РМ“ спроведуван Фондацијата Метаморфозис, чија цел е да се утврдат ефектите, последиците и предизвиците со […]

mediumski-item-img-1.png

08.10.2015

Одржана обука за справување со говор на омраза

На 07.10.2015, во Хотел Stone Bridge се одржа првата од серијата обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали, организирана од фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за […]

mediumski-item-img-1.png

06.10.2015

Институт за отворено лидерство 2: Пријавете се сега

Оваа година, Криејтив комонс и Мрежата за отворени политики го организираа првиот Институт за отворено лидерство (IOL). Институтот за отворено лидерство претставува програма за обука и поддршка што ги оспособува новите лидери заинтересирани за подготовка и спроведување на политика за отворено лиценцирање во рамки на нивните дисциплини. Во јануари 2015 година, организаторите собраа разнообразна група […]

mediumski-item-img-1.png

29.09.2015

Повик за обуки за медиуми: „Зајакнување на капацитетот за справување со говор на омраза“

Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје упатуваат повик за пријавување учесници за обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза […]