На 14 октомври во Струга се одржа втората обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 16 претставници на медиумите како и неколку локални медиуми кои ја пренесоа веста за оваа обука.

IMG_20151014_101115-1024x768

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.

IMG_20151014_120001-1024x768

На оваа обука беа опфатени следните теми:

  • Вовед на темата говор на омраза
  • Правни рамки поврзани со говорот на омраза
  • Напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во оваа област
  • Учество во заедницата насочена кон борба против говор на омраза
  • Идентификување говор на омраза според методологијата на Сервисот за проверка на факти од медиумите
  • Општествена одговорност на медиумите (порталите)
  • Развој на интерни механизми за саморегулација во рамки на еден медиум: Развој на политика за говор на омраза, регистрација, ограничувања за содржини генерирани од корисниците, коментари на социјални медиуми, механизам за предупредување и отстранување (notice and take down mechanism)

Во сесијата за дискусии, присутните претставници на медиуми се изјаснија дека обуките од оваа област им помагаат во решавањето на најгорливите проблеми, со кои се соочуваат во секојдневието.

IMG_20151014_120020-1024x736

Наредната обука ќе се одржи на 20 октомври (вторник) во Струмица, хотел Сириус. Обуката ќе биде еднодневна, а целокупните трошоци за учеството ќе бидат покриени од страна на организаторите. За учесниците кои ќе доаѓаат од други места ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

(Нацрт-агенда е во продолжение на оваа покана.)

Бројот на учесници е ограничен. Селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да го пополнат следниот онлајн-формулар најдоцна до 19 октомври во 12 часот, по што ќе бидат контактирани од тимот на Метаморфозис за потврда на нивното учество. За сите дополнителни информации може да се обратите на соработничката Адријана Селмани, по е-пошта на: adrijana@metamorphosis.org.mk или телефонски на бројот 02/3109 325.

Нацрт-агенда на обуките
„Зајакнување на капацитетот за справување со говор на омраза“

Цел: Зајакнување на капацитетите на уредниците и администраторите на веб-портали и др. медиуми за препознавање и справување со говор на омраза и говор што поттикнува насилство преку серија од три регионални обуки кои ќе вклучуваат 20-25 претставници по регион.

Учесниците може, но не мораат, да понесат лаптоп и смартфон кои ќе им бидат од помош за учество во вежбите.

agenda

Сподели: