Конференција „Одржливост на новите медиуми“

На 11 мај 2013 се одржа конференцијата за одржливост на новите медиуми во Македонија, на која земаа учество околу 80 претставници од медиумскиот сектор, како новинари и уредници, претставници на невладини организации, маркетинг агенции и меѓународни експерти. Организатор на настанот беше Метаморфозис, а се реализираше со финансиска помош од Амбасадата на САД. Целта на конференцијата […]

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Република Македонија усвои Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во 2006 година, а правната рамка беше унапредена со измените на законот во 2010 година. И покрај ваквиот ветувачки развој на правната рамка, често многу е тешко да се оцени и да се знае колку всушност овие закони соодветствуваат со реалноста и колку […]

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која во времетраење од 30 месеци ја спроведува Метаморфозис, има за цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални […]

Обуки за ИКТ алатки за веб новинарство

Голем број медиуми се отвораат на интернет, но притоа квалитетот на обработените информации се намалува наспроти брзината со која тие се шират. Со подобрување на истражувачките вештини на новинарите, ќе се придонесе во зголемување на нивните капацитети за поцелосно искористување на можностите на интернетот како извор на информации и како алатка за брза проверка на […]

PORTALB.MK – Независен новински портал на албански јазик

PortAlb.mk го води тим професионални новинари кои се стремат да го надминат недостатокот на релевантни е-содржини на албански јазик за Македонија и странство. Тимот составен од млади, но истовремено искусни новинари, има за цел да понуди поширока палета на вести, кои ги надминуваат лингвистичките и другите бариери меѓу медиумските сфери во земјата и регионот преку […]

Гласомер

Со објавување на Гласомерот, Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје во соработка со граѓанските здруженија „Зашто не“ од Сараево и ЛиНет од Белград, ја продолжи регионалната иницијатива за примена на нови технологии за едукација на гласачите и поголема транспарентност на политичките субјекти поддржана од американската непрофитна фондацијаНЕД, финансирана од Конгресот на САД, како дел од напорите за […]

Слободни и фер избори 2011

Кампањата фокусирана околу Кодексот на однесување за слободни и фер избори 2011 се базира на научените лекции од минатите избори, повикувајќи ги партиските лидери, кандидатите и активистите да се однесуваат во согласност со меѓународните стандарди за избори.

Лицата со хендикеп се активни граѓани

Цел на проектот е да се обезбедат подобри можности за лицата со хендикеп, за тие да станат рамноправни и активни учесници – социјално и економски – во македонското општество.

Национална политика за слободен софтвер

Проектот има за цел создавање на документ за Национална политика за слободен софтвер (со отворен код) за централната и локалната власт, според примерот на е-Хрватска, со цел да се постигне поголема ефикасност во работата на државните органи, како и зголемена транспарентност и одговорност при јавните набавки на компјутерска опрема и софтвер. Проектот го имплементира Слободен […]

Поттикнување на локални е-содржини

Овој проект има за цел да го поттикне креирањето на локални е-содржини во Македонија, зголемувајќи го нивото на онлајн „производство“ на содржини на локалните јазици, како и квалитетот на достапните содржини, особено кога тие се однесуваат на образованието и отворениот пристап. Проектот ќе користи двоен пристап за изградба на капацитетите на потенцијалните и тековните креатори […]

Активно граѓанско учество преку употреба на нови технологии

Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на институциите на системот, преку нивното отворање за процесите на активно граѓанско учество, што ќе доведе до зголемување на внатрешната кохезија на македонското општество и забрзување на неговата интеграција во ЕУ. Проектот ќе се фокусира на градењето на локалните капацитети за формирање на партнерства и […]

Социјални медиуми за демократија

Проектот има за цел да овозможи демократски развој во Македонија, преку употребата на нови технологии – социјалните медиуми и содржините генерирани од граѓаните. Проектот ќе се фокусира на градење на капацитетите на активистите кои веќе работат на одредена кауза во рамките на своите заедници и на национално ниво, со цел да им се обезбедат вештини […]

Verified by MonsterInsights