Е-општество.мк: Расте бројот на објавени дезинформации во некои медиуми

Покрај механизмите за препознавање на лажните вести и дезинформациите, тема на разговор на денешната сесија „Правни аспекти и саморегулација во борбата против дезинформациите“ во склоп на 17-то издание на конференцијата е-Општество.мк беше и известувањето на медиумите и ширењето на дезинформации на социјалните мрежи.
Извршниот директор на Здружението на новинарите на Македонија, Драган Секуловски нагласи дека Македонската радио-телевизија како јавен сервис платен од граѓаните би требало да ја има улогата на главен сервис за проверка на фактите. Но, тој рече дека е загрижувачки што МРТ оваа година има за половина помал буџет во споредба со минатите години.
Важноста за зајакнување на финансиската поддршка на МРТ ја истакна и Катерина Синадиновска, претседателка на управниот одбор на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ). Таа рече дека секој јавен сервис е должен да ја едуцира јавноста и да произведува своја квалитетна содржина наспроти емитуваната купена програма од други медиски куќи, а за тоа е потребен и доволен буџет.
Синадиновска рече дека соработката на СЕММ со медиумите кои се членки на организацијата е значително подобрена и медиумите сè повеќе учествуваат во процесии на медијација. Сепак, за да укажат на проблеми во работата на медиумите кои не се членки, СЕММ објавува мислења.
„Од сите претставки што ги добиваме најмногу се прекршува членот еден од кодексот за новинари кој налага да се објавуваат проверени и точни информации. Од вкупниот број на преставки 70 проценти се за членот еден, и загрижувачки е што е во пораст. Со тоа се прави штета, затоа што ако потоа се објави дека е дезинформација штетата е веќе направена“, нагласи Синадиновска.
Таа додаде и дека непочитувањето на Членовите 7 и 8 кои се прекршуваа во изминативе денови кога се случи трагедијата со автобусот во кој загинаа 45 лица, се исто така пораз за македонското новинарство. Тие членови налагаат да се известува без сензационализам, да не се открива идентитетот, да се почитува личната болка и жалост како и да се известува за сите инволвирани страни без да се сугерира пресуда.

Уредничката на Порталб.мк, Елида Зулбеари истакна дека од новинарски аспект е дискриминаторски феноменот на создавање нови медиуми во период на предизборие кога треба да се поделат државни пари, а при преглед на истите се покажува дека многу од нив немаат ниту адреса ниту импресум, но се регистрирани еден месец пред почеток на кампањата со што ги исполнуваат условите за да добијат пари. Зулбеари потенцираше дека токму такви медиуми шират дезинформации и го нарушуваат професионалното известување само за да остварат профит или да шират црна кампања и дезинформации со што придонесуваат во недовербата на јавноста во новинарството.
За да се подобри медиумската слика, според Секуловски, новинарите треба да се придржуваат на етичките стандарди, политичарите исто така треба да внимаваат бидејќи често тие во јавноста изнесуваат лаги и дезинформации што претставува политичка некултура. „Етичкиот кодекс не е само за новинари туку за сите граѓани“, потенцираше Секуловски.
Тој смета и дека од особена важност за создавање услови за новинарите да известуваат професионално, потребна е мотивација на младите новинари. И Синадиновска смета дека намалувањето на бројот на новинари е трагична слика.
„Генерално сликата со медиумите не се разликува многу од странските во смисла на падот на квалитетот на известување. Кај нас за жал и мејнстрим медиуми не ја исполнуваат својата цел не го заштитуваат јавниот интерес. Ни фали облагородување на јавниот медиумски простор, бидејќи медиумите со свои содржини и ја едуцираат јавноста“, рече таа.
Говорниците се осврнаа и на потребата Стопанската комора да им препорача на компаниите да се рекламираат во медиуми кои се на позитивна листа на професионални медиуми од каде може да се следи нивната работа и со тоа да покажат општествена одговорност. На тој начин компаниите ќе можат полесно да ги дискредитираат непрофесионалните медиуми.
Уредникот на Новинската агенција Мета.мк, Горан Ризаов за време на дискусијата ја потсети јавноста дека иако новинарите и сите вработени во фондацијата Метаморфозис веќе една година се мета на онлајн закани и црна кампања, надлежните институции сè уште немаат преземено ништо во врска со говорот на омраза и заканите за физичко насилство.
Сподели:
Останати блог текстови
„Реформската агенда со скромни чекори : Граѓанскиот сектор вклучен во мониторингот, но институциите се затворени“ - Мета.мк Новинска агенција
22.09.2025
Македонија исполнила само 2 од 5 планирани чекори до декември 2024 година, или 40% од проектираните обврски fatemeh-rezvani-MnPWB-ybjHQ-unsplash Северна Македонија направи многу малку во однос на тоа што е потребно за реформската агенда. Ова го покажа табелата на резултатите од Програмата за развој и реформи на Западен Балкан објавена од Европската комисија. Граѓанското општество, иако […]
"Владата со селективна транспарентност: Бомбардирањето со соопштенија го маскира криењето на клучните информации" - Мета.мк
19.09.2025
Новинарите предупредуваат за сериозни пречки за пристап до клучни информации. Фото: Мета.мк На прв поглед, Владата на С. Македонија изгледа отворена: најавува активности, споделува соопштенија за медиумите и изјавува посветеност кон Стратегијата за транспарентност 2023–2026. Но, зад фасадата на отвореност лежи селективна практика: самите институции одлучуваат кои точки од дневниот ред да ги објават, кои […]
Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите
23.04.2025
Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]
Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно
16.04.2025
Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]
Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат
29.01.2025
Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]
Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените
30.12.2024
Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]