Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука

13.02.2023

Проекти

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во период на 2023 спроведува Програма за медиумска обука.

Преку работилници, практиканства и студиска посета на САД, програмата ќе им обезбеди на младите новинари неопходни вештини за висококвалитетно известување со користење податоци и потврдени факти, ќе ги запознае со примената на економични дигитални алатки или алатки со отворен код во нивната работа и ќе ги поврзе со колеги со слични размислувања за размена во врска со заедничките проблеми и потенцијалните решенија.

За програмата

ICFJ и Фондацијата Метаморфозис ќе го спроведат проектот во три фази во текот на 2023 година, и тој ќе вклучува:

  • Четири тродневни работилници за податочно новинарство и визуелизации, дезинформации/погрешни информации и проверка на факти коишто ќе се одржат во различни региони во периодот од февруари до мај:
    • Податочно новинарство и визуелизации (8-10 февруари 2023 година) – право да аплицираат имаат жителите од Скопскиот и Полошкиот регион, до 9 јануари 2023 година
    • Дезинформации/погрешни информации и проверка на факти (дополнително ќе се определи) – право да аплиџираат имаат жителите од Југоисточниот и Пелагонискиот регион
    • Податочно новинарство и визуелизации (дополнително ќе се определи)право да аплицираат имаат жителите од Вардарскиот и Североистичниот регион
    • Дезинформации/погрешни информации и проверка на факти (дополнително ќе се определи) право да аплицираат имаат жителите оф Источниот и Североисточниот регион
  • Едномесечно практиканство во една од трите медиумски организации на Фондацијата Метаморфозис во текот на летото за четворицата најдобри учесници на работилниците
  • Еднонеделен кепстоун (независно групно истражување) настан во САД со ICFJ во Вашингтон, за двајцата најдобри учесници, во придружба на претставник на Фондација Метаморфозис.

За Меѓународниот центар за новинари (ICFJ)

ICFJ ја овластува глобална мрежа на новинари во произведување новински извештаи кои водат до подобрување на владеењето, економиите, општествата и поздрав живот. ICFJ работи на врската меѓу новинарството и технологијата, и гради експертиза и вештини за раскажување новинарски приказни ширум светот. Преку нивната работа, новинарите го подобруваат покривањето на вестите и подлабоко се поврзуваат со својата публика.

Мрежата на ICFJ има 132.000 новинари.

Пријава за програмата

Фондација Метаморфозис и ICFJ ќе примат апликации за учество за сите четири работилници врз основа на еднаков пристап на сите учесници. Се покануваат да се пријават млади новинари, студенти по новинарство и блогери од соодветниот регион на работилниците наведени погоре.

mediumski-item-img-1.png

Програма за дигитален активизам

Што е програмата за дигитален активизам? Ширум светот, ширењето на дезинформации е во пораст. Стратешката употреба на онлајн дезинформациите ја поткопуваат демократијата и ги поларизираат општествата. Додека начините за борба против дезинформациите во

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука - продолжение

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во периодод од септември 2023 година до јули 2024

mediumski-item-img-1.png

Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи

Главна цел на проектот Интегрирање на Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции, Министерството за здравство и неговите помошни институции и обезбедување поддршка на истите да го