Проектот е договор за грант на ИПА 2, Програма на Европската Унија за прекугранична соработка, алокации 2014-2015. Партнери во проектот се Метаморфозис – Фондација за Интернет и општество, Центар за развој на полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан. Траење: 27 месеци.
Цели:
- Промовирање на енергичен туристички меѓуграничен сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари
- Зголемување на капацитетите на туристичките претпријатија и градење на стратешки партнерства и соработка во земјата, регионално и глобално
- Проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови пазари преку употреба на нови технологии
- Забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места
Клучни елементи:
- Подигната свест и разбирање за потребата од нов маркетинг пристап во туризмот
- Размена на информации, соработка и развој на заеднички производи меѓу регионите
- Експертска соработка меѓу приватните и јавните субјекти за развивање на политики што ги исполнуваат меѓународните стандарди за развој на туризмот
- Градење на стратегија преку широки консултации и координација
- Вмрежување и интернационализација на вредносните синџири
- Градење врски меѓу туризмот и културата
- Тренинг и менторска поддршка за зајакнување на капацитетот на МСП за ефикасно користење на технологијата
- Поддршка на конкретни врвни проекти кои ќе се користат како најдобри примери за мотивирање и поттикнување меѓуграничен туризам
Очекувани резултати:
- Зголемена туристичка побарувачка во регионот преку зголемена онлајн понуда
- Зголемен капацитет на туристичкиот бизнис за користење на технологија
- Создадена СТЕП мрежа на информирани и овластени туристички јавни и приватни субјекти, граѓански организации, туристички кластери и стопански комори
- Создаден кредибилен СТЕП бренд кој обезбедува доверба, квалитет и интегритет за малите и средните претпријатија во прекуграничниот регион
- Зголемен капацитет на туристичките бизниси и индивидуалните претприемачи за интернационализација, меѓународно поврзување и партнерство
- Создадена Интер-регионална туристичка онлајн платформа (iTOP)