Цели на проектот:
- Зајакнување на компетенциите на вработените во Метаморфозис како едукатори и обучувачи на возрасни во врска со онлајн и иновативни алатки и пристапи за учење;
- Зајакнување на капацитетите на Фондација Метаморфозис за едуцирање на граѓанските организации за дигиталната трансформација и
- Подобрување на капацитетите на Метаморфозис за развивање одржлива меѓународна соработка и меѓународно учење.
Очекувани резултати
Учесниците во активностите ќе:
- стекнат знаење и вештини за дизајнирање и одржување интерактивни онлајн обуки за граѓански организации, вклучително и за најновите алатки и пристапи за зголемување на ефективноста, влијанието и квалитетот;
- стекнат знаење за тоа како подобро да ги поддржат граѓанските организации во процесот на дигиталната трансформација;
- стекнат знаење и вештини за тоа како да ги обучуваат граѓанските организации за дигитална трансформација, особено за преминување на технологијата „облак“ и ефективно користење на дигиталните комуникации;
- стекнат знаење и вештини за прилагодување на едукативните активности за различни видови граѓански организации;
- ги подобрат нивните методи за учење и образовната содржина на обуките поврзани со технологијата „облак“, дигиталниот маркетинг и дигиталната трансформација;
- имаат подобро разбирање за тоа што прават нивните колеги од другите земји за да им служат подобро на граѓанските организации и на можностите за примена на добрите практики во активностите на Метаморфозис и ќе формираат професионална мрежа во Европа на едукатори за возрасни за дигитални вештини и вештини за спроведување обуки.
Проектни активности
Учество на обуки на следните теми:
- „Облак“ решенија за градење на капацитетите на граѓанските организации;
- Како да се поддржат граѓанските организации во дигиталната трансформација;
- Вештини за дигитална комуникација и маркетинг за граѓанскиот сектор и
- Развивање дигитални образовни програми.
Времетраење на проектот: 31.12.2021-31.12.2022 (12 месеци)
Финансиска поддршка: Европска комисија, програма Еразмус+