Име на проектот: Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда– ICEDA
Цел на проектот
Проектот има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан.
Специфични цели
- Да се зголемат капацитетите на ГО и медиумите за справување со предизвици поврзани со дигиталната агенда, овозможувајќи им да станат активни учесници во процесот.
- Да се зајакне улогата на ГО во помагањето на државните институции за подобро искористување на потенцијалот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со цел да се подобри квалитетот на нивните е-услуги за граѓаните, како и да се зголеми нивната отвореност.
- Да се зајакне довербата и безбедноста на интернет со одржување обуки за подигнување на свеста преку мрежа на ГО кои промовираат дигитална писменост, вештини и вклученост на регионално, национално и локално ниво.
- Да се зголеми видливоста на прашања поврзани со дигиталната агенда во рамки на граѓанското општество и медиумите.
- Да се зголеми побарувачката на граѓаните за квалитетни е-услуги преку обуки и подигање на свеста од страна на ГО.
Целни групи
- Локални ГО и локални медиуми
- Граѓаните како сегашни и потенцијални корисници на е-услуги
- Јавни/државни институции што нудат е-услуги на национално и локално ниво
Очекувани резултати
- Напредна дигитална агенда преку мрежа од 30 ГО од Западен Балкан поддржана од мала гранотва шема за спроведување конкретни иницијативи.
- Објавено истражување за состојбата на е-владеење во пет земји.
- Формирани 15 локални центри за поддршка за е-владеење, управувани од членови на мрежата на ГО.
- Подобрени вештини на ГО и медиумските професионалци на локално ниво за препознавање и справување со предизвиците поврзани со дигиталната агенда.
- Зголемена употреба на услуги за е-владеење од страна на граѓаните во одредени области.
- Зајакнат дијалог помеѓу ГО и владините институции за инклузивна дигитална агенда во која граѓаните се во центарот на вниманието, преку давање препораки за подобрување на е-услугите преку развиено и раширено истражување базирано на докази.
Проектни активности
- Истражување на состојбата на развој на е-владеењето и дигиталната писменост во одбрани земји.
- Создавање на мрежа на ГО за дигиталната агенда за Западен Балкан.
- Зајакнување на капацитетот на ГО и медиумите преку низа обуки.
- Доделување мали грантови на 30 ГО за промовирање и зајакнување на дигиталната агенда.
- Пружање поддршка на граѓаните и ранливите категории за употреба на постојните услуги за е-владеење.
Времетраење на проектот: 01.02.2020 – 31.01.2023 (36 месеци)
Финансиска поддршка: Европска Унија
Партнери:
- Фондација Метаморфозис (Северна Македонија)
metamorphosis.org.mk - Академија за е-владеење (e-Governance Academy) (Естонија)
ega.ee - CRTA – Центар за истражување, транспарентност и отчетност (Србија)
crta.rs - Партнери за демократска промена Србија (Србија)
www.partners-serbia.org - NGO 35mm (Црна Гора)
nvo35mm.org - Отворени Податоци Косово (Open Data Kosovo–ODK) (Косово)
opendatakosovo.org - Lѐvizja Mjaft! (Албанија)
mjaft.org