Метаморфозис се вклучи во движењето „Reclaim Your Face“ – за ограничување на масовниот биометриски надзор над граѓаните

28.01.2021

Во фокусот

 

По повод 28 јануари – Европскиот ден за заштита на личните податоци, Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис информира за своето вклучување во меѓународното движење „Reclaim Your Face“. Станува збор за движење започнато од страна на членови на EDRi – Европска иницијатива за дигитални права, а со цел ограничување на користењето на системи за масовен надзор над граѓаните преку користење на нивните биометриски лични податоци.

Биометриските лични податоци вклучуваат податоци за физичкиот изглед и за однесувањето на луѓето, отпечатоци од прст, отпечатоци од данка, препознавање на лик, ДНК, ирис и ретина, глас, начин на движење. Биометрискиот надзор пак е секое надгледување, следење и обработка на биометриските податоци на лица или групи на лица на неселективен начин.

Сè повеќе приватните компании се фокусираат на технолошки иновации со кои ќе можат да добијат што повеќе податоци за идентитетот на граѓаните преку нивните биометриски податоци, а државите воведуваат системи за биометриски надзор над граѓаните како што е видео надзорот на јавни површини и користењето на системи за собирање на отпечатоци од прсти.

Овој тренд не запира иако Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR – General Data Protection Regulation) и националните закони се строги во поглед на обработката на биометриски лични податоци и бараат посебни анализи за оправданоста на користењето на системите за биометриски надзор врз основа на кои се оценува дали таквиот надзор воопшто ќе биде дозволен. Дури и во случаите кога некој систем за масовен биометриски надзор ќе биде дозволен, начелото на транспарентност мора да биде испочитувано. Граѓаните мора да бидат информирани на јасен и разбирлив начин за тоа кој, на кој начин, за која цел ги обработува нивните биометриски лични податоци како и за правото на согласнонст, онаму каде што тоа може да се примени.

Движењето повикува на:

1. транспарентност – eдинствениот начин да се води демократска и транспарентна дебата е да се откријат алатките кои се користат за масовен биометриски и да се образложат и оправдаат мотивите за нивното користење.

2. повлекување на црвени линии – масовниот биометриски надзор над граѓаните е незаконски во Европската унија, а биометриските лични податоци се чувствителни лични податоци, па согласно тоа голем дел од начините на употребата на биометриските податоци не може да биде оправдана согласно законите. Црвените линии мора да постојат за да се избегне дискриминирачки третман кон граѓаните и

3. почит кон луѓето и нивната приватност – зад оправдувањето дека надзорот ќе помогне во безбедноста и квалитетот на живот, всушност се гради култура на сомневање во граѓаните, нивните однесувања, навики, движење. Невозможно е да се има достоинствен живот доколку не се демонстрира почит кон слободната волја и слободниот избор.

Повеќе информации за „Reclaim You Face“ може да добиете на: https://twitter.com/ReclaimYourFace, https://www.facebook.com/ReclaimYourFace, https://www.instagram.com/reclaimyourface/

mediumski-item-img-1.png

ФАКТ Е! - движење за подигнување на јавната свест за борба против дезинформациите

Глобалниот феномен на ширење на лажни вести препознава нивни различни форми. Мисинформации како ненамерни грешки како што се користење на несоодветен опис на фотографија, погрешни датуми, статистички податоци, несоодветни преводи или сатира која се сфаќа сериозно. Дезинформации или фабрикувани вести, манипулирани аудио и визуелни содржини, намерно креирани со цел ширење на конспиративни теории или гласини. […]

mediumski-item-img-1.png

“Истражувачка сторија: РСМ, чекање и талкање: Патот на двајца млади луѓе до добивање извод на венчани – Порталб.мк”

Извод од Матичната книга на венчаните. Фото: Порталб.мк Граѓаните на земјава секојдневно се соочуваат со проблеми од различна природа кога станува збор за издавање документи. Јавната администрација не секогаш функционира правилно и тоа најдобро го покажуваат анкетите за доверба на граѓаните. Порталб.мк, директно на терен ја следеше постапката за венчањето на една двојка од Скопје, […]

mediumski-item-img-1.png

Новиот ковид-калкулатор остава отворени многу прашања за приватноста на корисниците

Приунтскрин: ковид калкулатор, МЗЗПР, ИЈЗ Новиот ковид-калкулатор со кој корисниците можат да си ја пресмета својата т.н. ковид-возраст или колкав е нивниот ризикот од заболување со ковид, иако може да послужи како корисна алатка, остава отворени многу прашања во однос на приватноста на податоците на оние што ќе го користат. Ковид-калкулаторот е изработен од страна […]