Флеш
Јавна дебата за текстот на лиценците Криејтив Комонс на македонски јазик
21.03.2007
Заинтересираните можат да се зачленат на мејлинг-листата посветена на дебатата околу нацрт-текстот на лиценците. Во рамките на јавната дебата ќе биде организирана и трибина со правни експерти и заинтересирани автори околу нацрт-текстот на лиценците.
Во текот на 2006 г. Метаморфозис во соработка со македонски правни експерти, организацијата за културни политики Контрапункт и организацијата Криејтив комонс го започна процесот на локализирање на лиценците Криејтив комонс. Текстот на лиценците е адаптиран на спецификите на македонското законодавство и првиот нацрт е одобрен од седиштето на Криејтив комонс.
Веќе на почетокот на летото лиценците Криејтив комонс ќе им бидат достапни на македонските автори, прилагодени на спецификите на македонското законодавство и тоа и на македонски и на албански јазик.