Мени

Косово: Повик за учество во обуки за подобрување на ефикасноста на организациите

ICT star smallКако дел од своите напори за јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за фондации, здруженија на граѓани и други облици на формално и неформално граѓанско здружување за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на нивните активности и мисија преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).

Вештините со кои ќе се стекнат избраните организации вклучуваат:

  • Поефикасно канцелариско работење и раководење со/спроведување проекти преку користење ИКТ
  • Стратешко користење на друштвените медиуми
  • Практики за безбедна интернет комуникација.

Во текот на целиот процес организациите ќе имаат можност да работат со експерт во областа, кој ќе ги идентификува нивните специфични потреби и врз основа на резултатите ќе предложи алатки и дополнителни обуки насочени кон подобрување на ефикасноста на организацијата.

Периодот на спроведување на активностите е од ноември 2013 до февруари 2014 година. Ќе бидат опфатени 10 организации, а предност ќе имаат организациите кои ќе покажат подготвеност за користење на сите вештини опфатени со обуките

Рокот за пријавување е 18 октомври, 2013 година.

За дополнителни информации може да се обратите до Бардил Јашари преку е-пошта, на bardhyl@metamorphosis.org.mk или на телефон 02/3109-325.

Сите заинтересирани организации треба да го пополнат овој формулар (на албански).