Мени

Конференција „Стратегија на IFEX за 2015 година“

Осумнаесеттото Генерално собрание и конференцијата „Стратегија на меѓународната размена за слобода на изразување (IFEX)“ се одржаа во главниот град Порт оф Спејн на Тринидад и Тобаго на североисточниот брег на Венецуела. IFEX го зголеми бројот на своите членови од 88 на 104.

Како еден од 104-те членови на IFEX, фондацијата Метаморфозис учествуваше со свој претставник на Генералното собрание и Конференцијата во Тринидад и Тобаго од 5 до 8 октомври 2015 година. Конференцијата се одржува на секои 2 години и на истата учествуваат над 100 организации од 70 земји од целиот свет. Настанот нуди можност за учење и размена на искуства на IFEX и на сите нејзини членови, во врска со одбраната и промовирањето на слободата на изразување како основно човеково право, како и можност за гласање за нови кандидати за членови и за членови на Советот на IFEX.

На конгресот, делегатите го обновија Советот на IFEX, кој е симбол на меѓународната соработка во областа на слободата на изразувањето веќе 23 години, со присуството на 170 претставници од 70 различни земји.

dsc_1854

IFEX порано функционираше во рамките на „Канадски новинари за слобода на изразувањето (CJFE)“, а сега има статус на „непрофитна организација“, односно CJFE и IFEX сега се одделни субјекти.

Покрај тоа, прифатени беа апликациите на 15 организации за права од Пакистан, Белорусија, Камбоџа, Шри Ланка, Македонија, Унгарија, Обединетото Кралство, САД, Ирска, Костарика, Либан, Колумбија, Тринидад и Тобаго и Тунис, кои побараа да станат нови членови на IFEX.

Организации за заштита на слободата на изразувањето кои штотуку се приклучија на IFEX:

Белоруското здружение на новинари (BAJ), Бајти за сите (B4A) од Пакистан, Камбоџанскиот центар за независни медиуми (CCIM), Движењето за слободни медиуми (FMM) од Шри Ланка, Унгарската унија за граѓански слободи (HCLU), Метаморфозис од Македонија, Американци за демократија и човекови права во Бахреин (ADHRB), Меѓународната мрежа за права на децата (CRIN) од Обединетото Кралство, Заливскиот центар за човекови права (GCHR), Институтот за слобода на изразување од Костарика (IPLEX), фондацијата Karisma од Колумбија, SMEX од Либан, Здружението на издавачи и радиодифузери (TTPBA) од Тринидад и Тобаго и Граѓанската коалиција за одбрана на слободата на изразување (CCDLE) од Тунис.

Организацијата IFEX со седиште во Канада е позната како покровителска организација за меѓународни организации како што се Репортери без граници (RSF), Меѓународната федерација на новинари (IFJ), Меѓународниот прес-институт (IPI), Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) и Член 19 (BA/BD).

Здружувањето за справување со прашања како што се говорот на омраза, малтретирањето преку интернет, правото на протест, кривичната клевета, и се поголемиот проблем со владините напади врз граѓанското општество е нешто што ја крепи нашата сила и е од суштинско значење за нашиот успех. Како што истакна извршниот директор на IFEX, Ени Гејм: „Ние сме мрежа од организации кои цело време работат заедно на различни начини. Мрежата на IFEX еволуира, не само во бројките, туку и во насоката, знаењето и искуството и ние продолжуваме да растеме. Разновидноста во експертизата, културата, јазикот, контекстот и ставовите не нè разделува туку напротив – не прави посилни и го зголемува нашето влијание“.

По дебатите следуваа практични работилници, каде што учесниците можеа да ја зајакнат својата работа преку размена на вештини, искуства и предизвици во врска со комуникациите, финансиското планирање, дигиталната безбедност и дигиталната соработка – во сесии со мали групи и состаноци „еден-на-еден“ со специјалисти од Пазарот на IFEX. Се придружија и донаторите, промовирајќи отворен и конструктивен дијалог со заедницата од организации за слобода на изразувањето, активно учествувајќи во сесиите и неформалните прашања и одговори. Учесниците од Африка, Латинска Америка и од регионот на Блискиот Исток и Северна Африка одржаа состаноци „лице-в-лице“ за претставници од нивните региони, во деновите пред и по конференцијата, за да истражуваат нови можности за заедничко работење и зајакнување.

Целта на конференцијата беше да се обезбеди простор за замислување на промената што треба да ја видиме, како и да се најдат начини за поврзување, придонесување и соработка, за да се оствари токму таа промена. Сите (организаторите, координаторите, модераторите, а секако и учесниците – великодушно ги споделија своите знаења, стручност и пасија. Им благодариме!