Мени

Најава: Завршна конференција од проектот Акциска мрежа за добро владеење

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Македонски центар за европско образование (МЦЕО) и Реактор – Истражување во акција, Ве покануваат на Завршна конференција од проектот Акциска мрежа за добро владеење, финансиран од Европската Унија, која ќе се одржи на 23.09.2015 во ЕУ Инфо Центар во Скопје со почеток во 10.00 часот. Конференцијата ќе ги опфати следните теми: добро владеење, корупција, транспарентност и отчетност.

Целта на проектот Акциска мрежа за добро владеење е промовирање на динамично граѓанско општество кое ефективно ги мобилизира граѓаните за активна вклученост во доброто владеење и транспарентноста, како и влијание врз процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Во рамките на овој проект доделени се 16 мали грантови на граѓански организации кои ја формираат Акциската мрежа за добро владеење, која претставува платформа за соработка на граѓански организации, неформални инцијативи и поединци кои работат на полето на доброто владеење, а се стреми кон унапредување на доброто владеење како еден основните предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на РМ.

За време на конференцијата, грантистите во рамките на Акциската мрежа за добро владеење ќе ги презентираат нивните проекти, како и нивните искуства и научени лекции од имплементацијата на истите.

Ве молиме да го потврдите вашето учество на конференцијата најдоцна до 21 септември (14.00 часот) со пополнување на формуларот за регистрација.

Агендата за настанот е достапна за преземање на следниот линк.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање на имејл или телефонски на 3109 325.