Мени

Обука за промоција на складиштето на Економскиот институт

Тричасовната обука беше главно концентрирана на Фејсбук, за која цел се изработи страница за промоција и се вежбаа техниките за поставување на линкови, настани и сл. Потоа беа презентирани уште неколку сервиси кои може да се користат во промотивната кампања за складиштето која ќе следува. Како резултат од одржаната обука и презентирањето на различните сервиси, ќе се избере сет од алатки и ќе се осмислат начините на кои тие ќе се користат за континуирана промоција на складиштето.

На обуката учествуваа 4 луѓе од персоналот на институтот.