Мени

Одржана обука за „Пристапување кон Европската Унија“

Од  29  до 31 октомври, 2014 година, во Хотел „Дрим“ во Струга се одржа обука на тема „Пристапување кон Европската Унија“. Обуката ја проследија грантистите од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“.

DSC_8224

Цели на одржаната обука се  унапредување на знаењата на претставниците на граѓанските организации со однос на пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија; зголемување на  капацитетите на граѓанските организации за ефективно користење на средства од расположливите европски фондови и зголемување на капацитетите на граѓанските организации за ефективно делување во секторот демократија и добро владеење.

DSC_8216

На обуката Александар Колекески и Бојан Маричиќ од МЦЕО (Македонски центар за европско образование) го споделија своето знаење од областа задржувајќи се на повеќе аспекти. Некои од темите за кои тие зборуваа, а учесниците имаа прилика да учествуваат во дискусија и практични вежби, се: преглед на институции на ЕУ и начинот на донесување на одлуки; Европа 2020 и ударни иницијативи; програми на Заедницата – кус преглед за резултатите и проблемите; а третиот ден се фокусираа на програмите на Унијата- Европа за граѓаните и Креативна Европа како и на користењето на е-алатки и пребарувачи за припрема на апликации.

DSC_8211

Одржаната обука е дел од превидените обуки кои ќе се одржат во наредниот период, во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој е спроведуван од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕО и Реактор – истражување во акција, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.