Мени

Официјален почеток на проектот We-Go

Целта на проектот We-Go е успешно да ги пренесе и прилагоди „Добрите примери и знаења за е-Владеење“ и да овозможи спроведување натамошни проекти вклучувајќи и придружни мерки за зајакнување и унапредување на истражувањата за е-Владеење во земјите од Западен Балкан заедно со партнери од Европската унија.

Првиот состанок на партнерите на проектот We-Go се одржа во Виена во јануари 2007 година. Партнери на проектот We-Go од Македонија се Институтот за информатика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Македонската асоцијација за информатичка технологија“ (МАСИТ) и Фондацијата „Метаморфозис“. 

Проектот We-Go ќе и помогне на јавната администрација во земјите од Западен Балкан да биде попродуктивна и поправична преку:

1. Воспоставување рамка за интероперабилност на е-Владеење со фокус на трансакциски прекугранични услуги и обезбедување најдобри примери за соодветни трансакциски апликации како пробни прототипови за со цел овозможување натамошни проекти;

2. Основање академии за е-Владеење  кои ќе нудат обуки како придружни мерки за избраните апликации како и основа за развивање на идни регионални обуки за е-Владеење;

3. Изработка на портал со најдобри примери на е-Владеење/мрежа на знаење изградена од систем на посебни регистри кои функционираат заедно што ќе овозможи одржливост и понатамошно унапредување и по завршувањето на проектот. 

Со проектот ќе бидат опфатени следните услуги: е-Царина – нов компјутеризиран транзитен систем, е-Финансии – систем за размена на информации поврзани со ДДВ, прекугранични случаи на е-Право – автоматизација на судски постапки, регистар на европски компании и европски информативен катастарски систем, е-Администрација – систем за електронско пополнување (воведување на владеење без хартија) и олеснување на е-Трговија за транспорт на европскиот отпад.