Мени

Презентација и трибина по повод Европскиот ден на заштита на лични податоци

Настанот ќе се одржи во ЕУ инфо центарот, во петок со почеток од 12 часот и ќе биде поделен на два дела. Во првиот дел ќе се презентира водичот за градење добри политики за приватност кој го изработија Метаморфозис и Дирекцијата. Потоа ќе следува јавна трибина на која ќе се разгледуваат мислењата на претставници од Дирекцијата за заштита на личните податоци, Министерството за информатичко општество, Фондацијата Метаморфозис како и невладиниот сектор, медиумите и други засегнати страни во однос на нацрт-кодексот за заштита на приватноста на Интернет.

На настанот се поканети и претставници од институции, медиуми, провајдери, контролори  и обработувачи на лични податоци.

Сите граѓани, фирми и организации се добредојдени да ги испратат своите забелешки за кодексот на info[at]metamorphosis.org.mk. Заклучоците и забелешките од трибината, како и сугестиите упатени директно до фондацијата, ќе бидат анализирани и соодветно вградени во финалната верзија на кодексот која потоа ќе биде објавена на веб и на тој начин, достапна за јавноста.