Мени

Пријавете се на Наградата на Светскиот самит 2017

Метаморфозис ги повикува заинтересираните кандидати од Македонија да пријавуваат свои мобилни или веб апликации, кои може да бидат номинирани за учество на Наградата на Светскиот самит 2017 (WSA).

Временска рамка:

  • Од 4 април до 15 јуни: Регистрирање на апликацијата на локалниот претставник
  • Од 1 јули до 15 август: Онлајн жири избира потесен круг од апликации
  • 30 август: Објава на апликациите влезени во потесниот круг
  • септември 2017: Главното жири избира победници од потесниот круг
  • октомври 2017: Објава на победниците
  • 20-22 март 2018: Свечено прогласување на победниците на WSA конгресот во Виена

Моментално, во тек е пријавувањето на апликациите за Наградата на Светскиот самит за 2017 година.

Се бараат дигитални апликации кои имаат големо влијание во општеството во некоја од осумте категории подоле. WSA се фокусира на деталноста на содржините на апликацијата, стратегијата и локалниот удел на продуктот. Повеќе за правилата на натпреварот може да прочитате тука.

  • Владино и граѓанско учество
    услуги | отворени податоци | демократско учество
  • Здравје и добросостојба
    здравствена грижа | спорт | животен стил
  • Учење и образование
    знаење | наука | вештини
  • Животна средина и зелена енергија
    клима | одржливи ресурси | земјоделство
  • Култура и туризам
    наследство | забава | суб култури
  • Паметни населби и урбанизација
    мобилност | работа | одржливо живеење
  • Бизнис и комерција
    иновациски сервиси | безбедност | финансии | маркетинг
  • Инклузија и еманципација
    диверзитет | род | правда | човечки права
  • Специјална категорија: Млади и иновации (за учесници под 30 години)

Повеќе за категориите може да прочитате тука

При аплицирањето, кандидатите треба да испратат краток опис на апликацијата, слики фатени од процесот на нејзината работа, како и информации за начинот на преземање и платформата за која се развиени.

Ги повикуваме сите ентузијасти кои сакаат да добијат можност за учество на Наградата на Светскиот самит да ги испратат потребните содржини и информации за контакт на bardhyl_AT_metamorphosis.org.mk.

Крајниот рок за пријавување е 15 јуни, 2017 г.