Мени

Работилница „Раскажувачи“

 

DSC00159Раскажувачи е мал проект за дигитални приказни кој се случува во Скопје. Тој претставува обид да се обрати на проблемот што младите во Македонија не успеаваат да ги изразат своите чувства, идеи и приказни. Поради немање можност да го кажат својот став или да се изразат јавно тие често, се осеќаат затворени и остануваат тивки наместо да станат активни граѓани. Овој проект со помош на дигитални содржини (звук, слика и видео) пробува да овозможи и да мотивира група од млади луѓе слободно да се изразат.

На работилницата беа изработувани дигитални приказни од страна на неколку средношколци користејќи Windows Movie Maker. За проектот Фондацијата Метаморфозис ги отстапи своите просторни и технички капацитети.