Мени

Серија напредни семинари за професионални новинари од 23-35 години

Невладината организација „Алфред Френдли Прес Партнерс“, која постои веќе 35 години и работи во склоп на Школата за новинарство во Мисури од истоимената сојузна држава во САД во градот Колумбија, во текот на 2019 година ќе одржи серија од пет семинари за потребите на македонските новинари.

Семинарите, од кои првите три се одржуваат во Скопје, четвртиот во Струга, а последниот во Маврово, ќе покријат теми кои се однесуваат на стратегиите за ефективно креирање на стории и нивна презентација, потоа мобилно новинарство, аудио снимање и видео продукција, како и теми поврзани со новинарско известување базирано врз податоци (data journalism) и нивна визуелизација.

„Алфред Френдли Прес Партнерс“ досега има обучено 333 новинари од 82 земји

 

Овде може да се види прегледот на севкупната серија семинари, начинот на работа и да се пополни апликацијата за учество. Серијата семинари има место за 15 учесници. Првиот семинар ќе се одржи во април, а последниот во септември, при што во периодот од јули до септември ќе се одржат и интерактивни вебинари, но за нив повеќе информации ќе бидат достапни дополнително. Прелиминарната агенда може да се најде овде.

Инаку, оваа серија на семинари е помогната од Амбасадата на САД и се спроведува во соработка со Здружението на новинари.