Мени

Избрани најдобрите три предвидувања

Управниот Одбор на Фондацијата Метаморфозис ги избра најдобрите три предвидувања на тема „Како информатиката ќе влијае на животот во иднина?“ што ги дадоа посетителите на штандот на Метаморфозис за време на НВО Саемот. За најдобри предвидувања беа прогласени:

  • Ќе го смали светот, и издолжи времето – Беким Имери
  • Книги, книги, браќа дајте, а не ѕвонци и прапорци – Д. Обрадовиќ. Ова важело за минатиот век, а за нашиот што сега го живееме би можело да се парафразира со компјутери и информатика кон поубав и побогат живот – Васил Маневски
  • Микрочипови во мозокот, безжично поврзани на Гугл – Митко Вета

Овие предвидувања ќе бидат наградени и тоа првото предвидување со mp3 player, второто предвидување со memory stick 512 MB и третото предвидување со DVD ROM.

На следниот линк можете да ги погледнете сите предвидувања дадени за време на НВО Саемот.

Поврзани натписи