Мени
bilten_mk_2

Metamorphosis e-Bilten #2 – Oktomvri 2006

bilten_mk_2

Scroll down for the English version.

Тираж: 240.

Jordanka PetrushevskaВовед: Улогата на еРајдерите
„Во една женска организација со која работев како еРајдер, за поврзување на интернет користеа обичен модем (дајал ап) и иако го користеа само за електронска пошта се жалеа на голема телефонска сметка. Забележав дека пораките ги читаа и пишуваат додека се поврзани на интернет, преку веб-меил. Им укажав дека може да користат соодветна програма (
Tандербрд или Aутлук) за пишување и читање на електронската пошта кога не се на линија, со што значително ги намалија трошоците за пристап на интернет

Јорданка Петрушевска пренесува дел од нејзините искуства од работата како еРајдер на Метаморфозис

e-Society.mk

Вести: Македонија

Вести: Свет

Активности на Фондацијата Метаморфозис

Термин на месецот
Вики (
wiki) е веб-сајт кој им овозможува на корисниците лесно да додаваат, отстрануваат или уредуваат содржини, понекогаш без потреба од регистрирање. Леснотијата на интеракцијата и користењето го прави викито ефективна алатка за колаборативно креирање содржини. Терминот вики може да се однесува на самиот колаборативен софтвер кој ја овозможува работата на таков веб-сајт, или на определени специфични вики-веб-сајтови, како енциклопедиите на интернет од типот на Википедија.

(Повеќе за терминот на месецот може да се прочита на Википедија на македонски, во написот подготвен од персоналот на Метаморфозис.)

Совет на месецот: Кирилица на два начина
Документ на македонски јазик може да напише на два начини: со користење стари македонски фонтови и со користење стандардни фонтови со македонска поддршка. Првиот начин е многу застапен, но, тоа не значи дека е исправен

Апликација на месецот
ImageShack – „Имиџ шек“ овозможува едноставно хостирање слики за веб-сајт, блог, профил на мајспејс и сл. Максимална дозволена големина на сликата е 1,5 мегабајти а прифатени се најчесто користените формати: jpg, jpeg, png, gif, bmp, tif, tiff и swf. По качувањето на сликата на серверот, од вашиот диск или од веб, добивате код преку кој може да ја вметнете во вашиот блог, форум итн.

Анкета
Поради технички потешкотии во дел од изминатиот период беше оневозможено гласањето на анкетата на веб-сајтот на Метаморфозис: Дали би купувале преку интернет?
Доколку веќе не сте го сториле тоа, ве покануваме да го искажете своето мислење.

Препорачани линкови

  • Meeboистовремено користење на најупотребуваните програми за инстант комуникација (ICQ, MSN, Yahoo!, GTalk) без потреба за нивна инсталиција
  • Ultimate Flash Faceкреирање на лик со помош на фото-робот
  • Calendars through the Agesкако се започнало со пресметување на времето и како настанале календарите
  • Zedge – бесплатно симнување на игри, мелодии, позадини и др. за мобилни телефони
  • MarcoPolo – бесплатни интернет содржини за едукација

Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје. Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206. Е-пошта info@metamorphosis.org.mk, веб-сајт www.metamorphosis.org.mk.

bilten_en_2

Circulation: 240.

Jordanka PetrushevskaIntro: The Role of eRiders
“In a women’s organization I was working as eRider members were using dial up analog modem for connecting to the internet and despite they have been using internet only for e-mail, they were complaining on the big telephone bill. I noticed that they read and compose their e-mail messages online via web mail. I have told them that they can use client application (thunderbird and outlook) for composing and reading e-mail messages offline, and they have significantly decreased internet access fees”

Jordanka Petrushevska, Metamorphosis’ eRider, shares some of her work experiences

e-Society.org.mk

News: Macedonia

News: World

Activities of Metamorphosis Foundation

Word of the month
A wiki is a type of website that allows the visitors themselves to easily add, remove and otherwise edit and change some available content, sometimes without the need for registration. This ease of interaction and operation makes a wiki an effective tool for collaborative authoring. The term wiki can also refer to the collaborative software itself (wiki engine) that facilitates the operation of such a website, or to certain specific wiki sites, including the online encyclopedias such as Wikipedia.
(Read more on Wikipedia. Metamorphosis’ team updates the Macedonian version with the definitions for the terms from this section.)

Tip of the month: Cyrillic in Two Different Ways
One can write a document in Macedonian language in two ways: by using “the old-style” Macedonian fonts and by using standard fonts with Macedonian language support. The first way is used frequently, but that does not mean that this is appropriate to do so

Application of the Month
ImageShack enables simple hosting of images for use on websites, blogs, myspace profiles ect. The maximum size of an image is 1.5 MB, and they can be in any of the frequently used formats: jpg, jpeg, png, gif, bmp, tif, tiff, and swf. After uploading of the image to the server, from your disc drive or from a web location, ImageShack provides code to insert into your blog, forum post or wherever you want the picture to appear.

Survey
Due to server mailfunction, the survey on Metamorphosis website was disabled. If you haven’t already done it, you are welcome to state your opinion regarding the survey question:
Are you willing to shop via internet?

Recommended links

  • Meebo – enables simultaneous use of most popular instant messengers (ICQ, MSN, Yahoo!, GTalk), without the need to install any of them
  • Ultimate Flash Face – character creation using police sketching methodology
  • Calendars through the Ages – history of time keeping
  • Zedge – free download of games, music, and desktops for mobile phones
  • MarcoPolo – free online education-oriented content, suitable for classroom use

Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje. Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206. E-mail info@metamorphosis.org.mk, web www.metamorphosis.org.mk.

Поврзани натписи