Мени
bilten_mk_5

Metamorphosis e-Bilten #5 – Januari 2007

bilten_mk_5

English version bellow

Тираж: 608.

Реакција: Граѓаните имаат право на избор
Сметајќи дека најавените обуки за компјутерска писменост за населението се во основа позитивен потег за развојот на информатичкото општество, Фондацијата Метаморфозис и НВО Слободен софтвер Македонија ја поттикнуваат Владата на РМ да овозможи право на избор за граѓаните, преку обуки за користење и на слободен софтвер.

Од заедничкото соопштение на
Фондацијата Метаморфозис и
НВО Слободен софтвер Македонија

Вести: Македонија

Вести: Свет

Активности на Фондацијата Метаморфозис

Термин на месецот
Социјални медиуми (анг. social media) е термин што се однесува на алатки и платформи кои луѓето ги користат на интернет за да споделуваат мислења, искуства, погледи и било какви други информации едни со други. Социјалните медиуми може да користат различни форми: текст, слики, аудио и видео записи. Популарни социјални медиуми се блоговите, форумите, подкастите, вики-апликациите, влоговите, како и другите форми на социјално вмрежување.
(Повеќе за терминот на месецот може да се прочита на Википедија на македонски, во написот подготвен од персоналот на Метаморфозис.)

Совет на месецот: Брзи пресметки
Доколку имате потреба набрзина да пресметате нешто, нема потреба да вклучувате програма за табеларни пресметки (Excel, Calc), па дури ни дигитрон. Гугл има вграден калкулатор и ако во полето за внес на термини за пребарување напишете математичка операција ( на пр. 2+2, sin(45), sqrt(16)…), ќе го добиете резултатот.

Апликација на месецот
Слајд шер нуди можност за поставување презентации (Пауер поинт, Опен офис, ПДФ) кои потоа може да бидат достапни за читателите преку линк и да се вметнуваат (ембед) во веб-страници.

Анкета
Ве покануваме да земете учество на анкетата на веб-сајтот на Метаморфозис: Дали отворените стандарди за снимање документи се важни за Вашата секојдневна работа?

Препорачани линкови

  • „Сподели знаење“ е блог за отворениот истоимен настан кој се случува секој втор вторник, од 20:00 до 22:00 часот, во големиот амфитеатар на Факултетот за електроника и информациски технологии (ФЕИТ – порано познат како ЕТФ).
  • „Иносентив“ е платформа која овозможува поврзување на компании и институции кои по принцип на аукција поставуваат прашања и научници кои нудат да ги решат поставените проблеми.
  • „Мибувај ме“ овозможува посетителите на вашиот блог или веб-сајт да остварат директна комуникација со вас, доколку користите програми за директни пораки.
  • „Базата на податоци за образование преку интернет“ претставува водич за луѓето кои сакаат да стекнат универзитетска диплома преку интернет, односно се интересираат за доживотно учење, учење на далечина и сродни активности.

Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје. Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206.
Е-пошта
info@metamorphosis.org.mk, веб-сајт www.metamorphosis.org.mk.

bilten_en_5

Circulation: 608.

Reaction: Citizens Have the Right to Choose
Considering that the computer literacy trainings for the general population announced by the Government of Republic of Macedonia are in general a positive move for development of information society, the Metamorphosis Foundation and the NGO Free Software Macedonia encourage the Government to provide right to choose for the citizens, by offering trainings for use of free and open source software (FOSS) also.

Excerpt from the joint statement by
Metamorphosis Foundation and
NGO Free Software Macedonia

News: Macedonia

News: World

Activities of Metamorphosis Foundation

Word of the month
Social media describes the online tools and platforms that people use to share opinions, insights, experiences, and perspectives with each other. Social media can take many different forms, including text, images, audio, and video. Popular social mediums include blogs, message boards, podcasts, wikis, and vlogs.
(Read more on Wikipedia. Metamorphosis’ team updates the Macedonian version with the definitions for the terms from this section.)

Tip of the month: Quick Calculations
If you need to quickly calculate something, there’s a quicker way to do it than by starting up a spreadsheet application (Excel, Calc), or even a calculator. If you type a mathematical operation in Google‘s input field (for example: 2+2, sin(45), sqrt(16)…), you’ll be presented with the result.

Application of the Month
SlideShare offers opportunity for publishing presentations (PowerPoint, OpenOffice.org, PDF) which can then be embeded in webpages.

Survey
We invite you to state your opinion via the current survey on the Metamorphosis website: Are open standards for saving document important for your everyday job?

Recommended links

  • “Share Knowledge”е is a blog about the open event going on every Thursday from 8 to 10pm on the Faculty of Electronics and IT (formerly known as Electro Technical Faculty – ETF) in Skopje.
  • Innocentive is an auction-like platform which brings togather companies and institutions presenting challenges, and scientists who offer solutions to their problems.
  • Meebo Me enables direct instant messaging communication with the visitors of your website or blog.
  • Online Education Database is a guide for people interested in obtaining an university degree online, lifelong learning, distance learning and related activities.

Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje. Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206.
E-mail info@metamorphosis.org.mk, web www.metamorphosis.org.mk.

Поврзани натписи