Во периодот 26-28 ноември, 2014 година, во хотел Романтик, Дојран беше одржана обука, на која првиот ден се зборуваше за онлајн алатки, а последните два дена за употребата на податоци. Тридневната обука ја проследија грантистите од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“.
На првиот ден од обуката, учесниците имаа прилика да дознаат повеќе за градењето на онлајн присуство и онлајн заедници, а денот да го затворат со сесија за подобрување на капацитетите на организациите, за време на која се запознаа со идејата и принципот на работа на Office 365. Додека пак, вториот ден, се зборуваше за податоците, што се истите, за наоѓањето на податоци, а најголемиот фокус беше на споделување на вештини за користење на формули и пивот табели во софтвери за обработка на табеларни податоци. Последниот ден пак, претставник од програмата School of Data на Open Knowledge Foundation зборуваше најмногу за визлуализацијата на податоци, а присутните имаа шанса да се запознаат и со некои алатки за мапирање и креирање на времеплови.
Оваа обука е од циклусот превидени обуки кои се одржија во изминатиот период, во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.
Повеќе фотографии од обуката може да видите тука.
Сподели: