Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на своите проектни активности за ефикасно, точно брзо информирање на медиумите, а преку нив и на граѓаните/јавноста, денес ќе ги стартува своите две платформи за информирање на граѓаните, а со тоа и на јавноста.

Станува збор за настанот „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, на којшто ќе се зборува за тоа како ќе функционираат тематските комуникациски групи на платформата WhatsApp. На овие групи, новинарите ќе можат побрзо да дојдат до информации; да постават прашања и да добијат одговори на 4 теми: ковид-19, попис, животна средина, интеграции.

Втората можност е отворената група Viber (Вајбер) група за пласирање проверени информации, ДЕ ФАКТО: само проверени содржини, каде се споделуваат рецензии на лажни вести со цел да се покрене свесноста за пандемијата и за дезинформациите на корона вирусот.

За темата, на настанот ќе дискутираат Младен Чадиковски, Претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), како и Катерина Синадиновска, Претседателка на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ); Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата и Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис. Модератор на дискусијата ќе биде Горан Ризаов, раководител на програмата „Медиуми за демократија“ во фондацијата „Метаморфозис“.

Настанот ќе се одржи на платформата ЗУМ, на 21.10.2021 од 13:00-14:30 часот
https://techsoupglobal.zoom.us/j/92423838276 Meeting ID: 924 2383 8276

Сподели: