На 28 февруари 2022 година, понеделник, со почеток во 15 часот, ќе се одржи настанот „Дезинформациите против вакцините за ковид 19 и како да се справуваме со нив“.

Онлајн настанот е во организација на Фондацијата Метаморфозис од Скопје и на него ќе бидат претставени активностите и постигнувањата на проектот со наслов „Рапиден одговор на вакциналните дезинформации“, кој Фондацијата Метаморфозис од Скопје го спроведуваше преку своите дигитиални изданија Вистиномер, Мета и Порталб, а кој беше помогнат од Балканскиот фонд за демократија, иницијатива на Германскиот Маршалов Фонд од Вашингтон.

Во рамките на едночасовната дискусија ќе биде претставен и завршниот документ со наслов „Фактите, упорноста и постојаноста се најважните оружја во борбата против вакциналните дезинформации“, кој претставува преглед на активностите од областа на проверката на факти на дезинформациите за вакцините, како и бројните објавени теми и експлејнери, исто така, поврзани со дезинформациите за вакцините и ковид-19 со кои проектниот тим се сретна во текот на работата.

На настанот ќе говорат:

Владимир Петрески – уредник на порталот Вистиномер, кој ќе ги изложи стекнатите искуства и ќе ги претстави препораките и заклучоците до кои беше дојдено во работата на проектот, со цел да им послужат на проверувачите на факти и новинарите, како и на сите оние кои работат на информирањето за кови-19 и на здравствените теми пошироко во иднина кога ќе соочат со вакви дезинформации;

Александра Геогргиева – доктор и претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, која ќе ги сподели искуствата од својата редовна работа, пред се, искуствата стекнати во комуникација со пациентите, како и при консултирањето во рамките на проектот

Мирослава Бурнс – новинар, уредник и проверувач на факти, која ќе изнесе низа примери од бројните проверки на факти и ќе ги објасни најчестите дезинформации во однос на вакцините и пошироко на здравствени теми

За учество на настанот, кликнете на следниов ЗУМ линк:

Join Zoom Meeting
https://techsoupglobal.zoom.us/j/94372055348?pwd=dDJ1OUJtbjlZK3l0UEpXdTE1RFpLdz09

Meeting ID: 943 7205 5348
Passcode: 979929

Ве очекуваме и благодариме за присуството!

Сподели: