Име на проектот: Брз одговор на дезинформации за вакцините
Цели на проектот
- Да се зголеми производството и споделувањето на проверени и едукативни медиумски содржини (насочени кон медиумски професионалци и општа публика);
- Барање транспарентност од властите и олеснување на соработката со медиумите и граѓанското општество;
- Овозможување директна соработка помеѓу новинари, медицински професионалци и други засегнати страни.
Целни групи
Медиумски професионалци
Национални, регионални, локални медиуми кои информираат преку различни платформи
Јавни и државни институции од здравство
Здравствени работници
Генералната публика/граѓаните на РСМ
Очекувани резултати
- Зголемена продукција на проверени и едукативни медиумски содржини од областа на здравството
- Подобрена транспарентност од властите кон граѓаните
- Подобрена комуникација меѓу властите и здравствените работници и медиумските професионалци
Проектни активности
Продукција на текстови со кои ќе се проверуваат факти и објаснувачки статии (теми) од областа на здравството и вакцинацијата;
Спроведување на вебинари за медиумските професионалци на теми од нивни интерес за поквалитетни содржини и подобра комуникација со својата публика;
Обезбедена онлајн платрофма со која ќе се споделуваат брзи и кратки информации за здравствените состојби во земјата со акцент на вакцинацијата ии состоојбата со Ковид-19;
Промоција на специјализираните содржини прилагодена за националната и локалната публика преку веб-страници на медиуми, социјални медиуми и преку воспоставување јавен канал за анти-дезинфо Информации (ADC);
Изготвување и објавување на извештај кој ќе содржи научени лекции и препораки за проверувачи на факти заинтересирани за репликација
Времетраење на проектот: 1 јуни 2021 – 31 јануари 2022
Финансиска поддршка: Балкански фонд за демократија
Партнери:
Владата на РСМ
Асоцијација на специјализанти и млади лекари
Медиумите: Дума.мк; Дрнка.мк; Кумановоњуз.мк; Аберџија.мк; ТВМ.мк; Апла.мк и Нистори.ком