Во центарот за поддршка на НВО во Струмица се одржа целодневна ИКТ обука за активистите од неколку организации кои се дел од проектот е-Рајдери. Од секоја организација учествуваа по тројца членови, а центарот на користење ги отстапи своите технички ресурси (компјутери + интернет пристап).
Со обуката беа опфатени три модули:
- напредно користење на оперативниот систем Windows
- напредни опции на апликацијата за обработка на текст Microsoft Word
- обука за подготвување на презентации во апликацијата Microsoft PowerPoint
На обуката присуствуваа членови од следниве организации:
- Организација на жени – Струмица
- Еколошко друштво Планетум
- Граѓанска организација Утро – Ново Село
Сподели: