По претходно договорен термин, е-Рајдерот на Метаморфозис во придружба со двајца волонтери извршија посета на организациите Романи Асвин од Штип и Женска Акција од Радовиш. Ова беше прва посета на овие организации, по нивното вклучување во проектот е-Рајдери. Исто така беше посетен и ЦПНВО во Штип.

Состанокот со ромската организација „Романи Асвин“ со одржа во нивните канцеларии кои се наоѓаат во област каде што претежно живее население од Ромска националност. За потребите на „Романи Асвин“ ќе се изработи стратегија и технолошки план, а спроведувањето на обуките се планира да биде за време на викенди. Канцеларијата е опремена со основни ресурси за непречено спроведување на обуките. Одлучено беше да учествуваат 6 членови од организацијата, а обуките кои ќе се спроведат беа определени според анализа на одговорите од прашалниците за проверка на знаењето.

При посетата на „Женска Акција“ од Радовиш беше разговарано за ИКТ потребите на оваа организација, како и немањето на ИТ центар или каков било центар за поддршка на НВО во Радовиш и неговата околина. Според добиените прашалници за проверка на знаењето беше формирана група од 5 активистки и заеднички беа формулирани обуките кои ќе помогнат за подобро имплементирање на ИКТ во нивната работа.

Сподели: