Во рамките на Евалуацијата извршено е оценување на задоволството на корисниците и влијанието на активностите на Проектот за е-влада финансиран од УСАИД врз развојот на е-власт во Македонија (2004-2009) преку петте апликации на проектот од сферата влада кон деловни субјекти (Government to Business – G2B).

Целите на евалуацијата опфаќаат одредување на нивото на задоволство на корисниците од петте G2B апликации развиени во Македонија со поддршка на Проектот за е-влада финансиран од УСАИД, вклучително и причините за задоволство или незадоволство, влијанието на овие услуги врз деловните резултати на корисниците и До кој степен работата на Проектот за е-влада влијаеше на и го поттикна процесот на развој на е-власт во Македонија. Процесот опфаќаше анкета со 450 фирми, како и други видови истражувања.

Целосниот текст на Евалуацијата е достапен во електронски формат (ПДФ) на веб-сајтот на Проектот за е-влада на УСАИД.