Победник на овој конкурс е носителот на фотографијата „Mal ribar“, кој воедно се најде со уште 2 фотографии помеѓу петте најдобри: „Cador2“ која излезе на второ место и „Bliznacki“ која се најде на четвртото. Креатор на овие фотографии и добитник на главната награда мобилен телефон и Криејтив комонс маица е Енкел, регистриран на веб-сајтот под корисничкото име buko.

Бидејќи помеѓу петте најдобри фотографии, од овој автор имаше 3, што е случај со уште еден од учесниците на конкурсот, го поместивме изборот на петте најдобри фотографи за четири места подолу. На трето место е фотографијата „Ohrid Leto 2008“ од Sweety, додека на петто „Ладовина“. На шесто место е фотографијата „Rock N Roll“ на Васил Танески, додека веднаш зад неа е „Одмор“ од Трајче Бошевски кој стои и зад фотографиите „Ладовина“ и „Рефлексија“ која пак се најде на седмо место.  Последното место и припадна на фотографијата „Езеро Младост“ на Борис Ристовски. На овој начин се добива селекција од вкупно 9 најдобри фотографии, дела на 5 автори. Сите овие се добитници на маица Криејтив комонс.

Изборот на фотографиите и нивното рангирање го изврши четиричлено жири во состав:  Џоичи Ито – претседател на управниот одбор на Криејтив комонс, Калина Буневска – Исаковска – директор на центарот за современа уметност, Роберт Јанкуловски – фотограф и Ирина Шумадиева – претставник на Криејтив комонс Македонија.

Добитниците на наградите ќе ги добијат деталите околу подигнувањето по пат на имејл.

Сподели: