Форумот претставува место за средби и размена на знаења и искуства за претставници на невладини организации, локални и централни власти, медиуми и образовни институции. Програмата на овогодинешниот форум покриваше три основни теми:

1. Економската глобализација и меѓународната солидарност;
2. Kаква Европа за човекови права и какви човекови права за Европа;
3. Локалната власт и човековите права: ефикасност достапна за сите.

Во рамките на форумот беа организирани 40 тркалезни маси на теми кои одговараа на три нивоа на размислување и делување: светско, европско и локално. Целта на форумот беше да се потикне создавањето на меѓународни мрежи на актери од областа на човекови права, со цел: практично спроведување на човековите права во локалните заедници.

Претставникот на Метаморфозис, Бардил Јашари, имаше презентација на тема „Децентрализирана соработка за Европска иднина на Македонија“ во кое даде свое видување за главните предизвици на Македонија во патот кон ЕУ, како и улогата и придобивките од разните видови меѓународни проекти кои потикнуваат соработка меѓу локални заедници од Македонија и ЕУ. Како пример беше презентиран проектот за соработка помеѓу Македонија и регионот Бас Нормандија во Франција, во кој учествува Фондација Метаморфозис. Дополнително, во презентацијата се потенцираше улогата на невладиниот сектор и активното граѓанско учество.

Официјален веб-сајт на форумот: http://www.spidh.org/

Програма на форумот

Сподели: