На настанот учество ќе земат:

•    писателот Алекса Букарски од Битола и
•    музичката група Али Баба од Велес

Музичката група од Велес, Али Баба, за првпат јавно ќе се претстави со своите нумери пред македонската јавност. Али Баба е бенд кој што за своја подлога ја зема ориенталната ромска музика со совршен редолслед на џез елементи, со цел да се долови музичката тајна од блискиот исток. Овие автори воедно и ги лиценцираа своите дела под лиценцата Криејтив комонс со што ги направија достапни за користење преку интернет.

Втор уметник кој ќе се претстави во Велес е Алекса Букарски (www.bukarski.com), познатиот млад македонски писател и блогер, кој својата прва книга „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ ја објавува и на интернет под лиценцата Криејтив комонс. Тој пред велешката публика ќе чита делови од својата проза.

За прозата на Букарски интересна согледба дава колегата блогер, поетот и новинарот Ивица Антески: „За секој кој литературата ја осознал само преку вредностите што се воспоставуваат во македонскиот традиционален образовен систем, оваа проза е скандал; за другите – откровение!”

Сподели: