Душко Јаневски, роден 1973 во Скопје, своите први контакти со електронската музика ги доживува во најраното детство преку плочите на неговиот татко, меѓу кои се оние на Жан Мишел Жар и Крафтверк. Воодушевен од соничната атмосфера на електронската музика низ годините што следат, најголемо влијание врз неговиот музицки стил вршат составите како Џој Дивижн, Кабаре Волтер, Крафтверк, УР итн…
Со диџејство почнува да се занимава кон крајот на 20 век. Љубовта и посветеноста кон музиката за кратко време го воздигнуваат на многу високо ниво, па како логичен след на настаните, по неговото преселување во Загреб во 2002 година станува резидент диџеј во култниот загребски Global Club. Неговите вечери таму се добро препознаени и посетени поради неговиот уникатен пристап при пуштањето на музика. Неговите сетови главно се составени од мешавина на електро, асид хаус и техно, богати со мелодија и groove.
По враќањето од Загреб во 2003 година, за многу кратко време станува едно од поинтересните диџеј имиња во Скопје. Во 2004 година почнува да се занимава и со своја продукција. Музиката што ја создава главно е наменета за подиумите и претставува мешавина на електро и минимал техно.
Кон крајот на 2004 започнува со работа во музичкото радио Канал 103, каде што заедно со Илина Ангеловска ја води емисијата – Музика за млади (петок 16-18 ч.) која е позната по презентација на најсовремените музички токови во светот.
На крајот на 2006 година, ја основа неговата дискографска кукја Juan’s Kitchen Delights Recordings, ција цел е презентација на свежиот македонски електро звук ширум светот.
Повеќе информации на: http://myspace.com/duskojanevski
Сподели: