Балканската мрежа за борба против дезинформации објави соопштение со поддршка за хрватскиот медиум за проверка на факти Faktograf.hr чии вработени беа предмет на смртни закани, додека нивната веб-страница претрпе масовен кибер-напад што ја попречува нејзината основна функционалност .

Овој последен бран напади против проверувачите на факти, кој започна на 10 декември, ја проширува постојаната кампања за оцрнување, чија цел е да се оцрни и медиумот и да се поткопа довербата во професионалното новинарство, чиј составен елемент е проверката на факти.

Случајот со нападите против Faktograf.hr ја одразува секојдневната реалност на независните и професионални новинарски организации во Југоисточна Европа. Реалноста е следна: сите, на различни нивоа, се цел на слични обиди за клевета и заплашување поради нивната работа на разоткривање дезинформации и иницирање јавна дебата за нивните извори и канали за дистрибуција.

Бидејќи компјутерскиот криминал, онлајн малтретирањето, вклучително и смртните закани и говорот на омраза претставуваат тешки кривични дела според хрватскиот закон, што е во согласност со регулативната рамка на Советот на Европа и Европската унија, Балканската мрежа за борба против дезинформации ги повикува хрватските органи за спроведување на законот и судството да ги истражат и санкционираат осомничените кривични дела , притоа обезбедувајќи заштита за загрозените новинари и другите вработени во Faktograf.hr.

Како овластен потписник на Кодексот на принципи на меѓународната мрежа за проверка на факти, Faktograf.hr подлежи на строги процедури за саморегулација според кои морално е придржувањето до високи стандарди за квалитет на професионално новинарство и транспарентност. Покрај тоа, бројни домашни и меѓународни организации за слобода на медиумите ги осудија неоснованите напади, вклучително и Синдикатот на хрватските новинари и медиумски професионалци, Европската федерација на новинари, како и други организации за проверка на факти.

Балканската мрежа за борба против дезинформации (antidisinfo.net) е мрежа основана од десет водечки медиумски организации од Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Северна Македонија и Србија за да ја промовира соработката помеѓу граѓанските организации, медиумите, образовните институции и сите други релевантни чинители, со цел да се формира широк фронт за борбра против дезинформациите преку афирмација на највисоките стандарди за проверка на фактите и сите други етички принципи на професионалното новинарство, како и промовирање на медиумската писменост и критичко размислување.

Балканската мрежа за борба против дезинформации е основана од Фондација Метаморфозис (Северна Македонија); Faktoje.al (Албанија); Journalists About Journalism (ЈАЈ), Peace Journalism Lab, Центар за дигитална комуникациска мрежа Југоисточна Европа, Ellenika Hoaxes (Грција), Истиномер (Србија); Internews Kosova, Crno beli svet (CBS) (Косово); Фондацијата BlueLink (Бугарија).

Сподели: