Во рамките на Програмата за дигитален активизам, спроведена од TechSoup и нејзините партнери во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) од 2018 година, во тек е клучна активност која се фокусира на поддршка на организациите на граѓанското општество (ГО) да бидат поотпорни на дезинформации. TechSoup и партнерите веруваат дека за да донесеме промени, прво мора да ги дијагностицираме потребите на организациите што ги поддржуваме и да ја анализираме моменталната општествено-политичка ситуација во земјите каде што работиме. Ова верување е централно за формирање на основата за сите идни проектни активности.

Промената е вродена карактеристика на пејзажот на дезинформации, што значително влијае на динамичниот контекст во кој функционираат граѓанските организации. Ова бара од нас да бидеме пргави во дизајнирањето интервенции кои се грижат за уникатните барања на нашата публика. Клучот за постигнување на ова лежи во истражување и креирање на извештаи за дезинформации и мапирање на граѓанското општество, кои одиграа инструментална улога во подобрувањето на нашето разбирање на локалниот контекст на граѓанското општество и нијансираните карактеристики на пејзажот на дезинформации во земјите од Централна и Источна Европа.

Извештаите за дезинформации и мапирање на граѓанското општество беа инструментални за расветлување на трендовите на дезинформацијата, наративи, извори и цели, заедно со предизвиците со кои се соочува граѓанското општество. Тие, исто така, ги посочуваат потребите и недостатоците на граѓанските организации (ГО) во справувањето со дезинформациите и пошироко.

 

Image by Freepik

Беа развиени четири извештаи за регионално мапирање на дезинформации и граѓанско општество – фокусирани на Западен Балкан, Вишеград, Црно Море и Балтикот. Овие регионални извештаи претставуваат сеопфатен преглед на дезинформацискиот пејзаж во нивните соодветни региони. Тие се осврнуваат и на војната во Украина и дезинформациите поврзани со неа, како и на вклученоста на граѓанските организации во поддршката на земјата и бегалците. Извештаите за регионално мапирање на дезинформации и граѓанско општество беа креирани како заеднички напор во рамките на програмата од партнерските организации на TechSoup со поддршка од Google.org, имено Фондацијата NIOK (која ја покрива Унгарија), Funky Citizens (покривајќи ги Романија, Бугарија и Молдавија), Метаморфозис Фондација (која ја покрива Северна Македонија, Србија и Косово), Иницијатива за граѓанска отпорност – CRI (која ги покрива Литванија, Латвија и Естонија), PDCS (која ја покрива Словачка) и VIA Association/ Sdruzení VIA (ja покрива Чешка Република).

Нашата цел е да обезбедиме сеопфатно, засновано на податоци, разбирање за дезинформацискиот пејзаж и начинот на кој влијае врз граѓанското општество. Овие извештаи за регионално мапирање на дезинформации и граѓанското општество служат како вредни алатки, овозможувајќи им на организациите да ги приспособат своите стратегии и ефикасно да соработуваат во борбата против дезинформациите.

Извештајот за Северна Македонија, Косово и Србија е достапен на следниов линк.

Сподели: