Проектот Критинк ве поканува на вебинарот „Безбедност на интернет“, кој ќе се одржи на 24 октомври од 11 часот како дел од Деновите на медиумска писменост.

Учесниците ќе може да стекнат знаења за основите на безбедност на интернет во контекст на критичко мислење за предностите и ризиците поврзани со новите дигитални медиуми.

Учеството е отворено и бесплатно, со претходна регистрација преку следниот линк:
https://register.gotowebinar.com/register/9151981149208924172

Агенда

– Медиумската писменост како дигитална писменост
– Основи на приватноста во дигиталниот свет
– Дигитална безбедност – корисни совети
– Механизми на пријава и законска заштита
– Потреба за доживотно учење – методи на неформално образование
– Дискусија со прашања и предлог-решенија од експерти

Проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” е спроведуван од Метаморфозис и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Повеќе информации и за настаните од „Деновите на медиумска писменост“ се достапни на веб-сајтот на Мрежата за медиумска писменост mediumskapismenost.mk.

Сподели: