Глобалниот феномен на ширење на лажни вести препознава нивни различни форми. Мисинформации како ненамерни грешки како што се користење на несоодветен опис на фотографија, погрешни датуми, статистички податоци, несоодветни преводи или сатира која се сфаќа сериозно. Дезинформации или фабрикувани вести, манипулирани аудио и визуелни содржини, намерно креирани со цел ширење на конспиративни теории или гласини. Малинформации, односно, свесно објавување на приватни информации кои се од личен или корпоративен, а не од јавен интерес.

Разбирањето и препознавањето на различните форми на лажни вести е важно исто колку што е важно и разбирањето на различните начини за справување со нивното ширење.

Која и да е формата на лажната вест, целта е иста, да се парализира демократскиот процес преку фрагментација и поларизација во општеството, создавање на конфузија и несигурност за реалноста и фактите кои ја поддржуваат и поткопување на довербата во интегритетот на демократските процеси и институции.

Поттикнати од забрзаното ширење токму на дезинформациите, негативните ефекти кои тие ги имаат врз граѓаните и општеството во целина и различните начини за нивно откривање и спречување, ние во Фондацијата Метаморфозис отпочнавме движење за подигнување на јавната свест за борба против дезинформациите, користејќи го најдобриот начин за тоа – обезбедување на вистината преку проверка на фактите.

Преку ФАКТ Е! – движење за подигнување на јавната свест за борба против дезинформациите ние се залагаме за:

известување базирано на систематски проверени факти
зголемување на нивоата на медиумска и информациска писменост
почитување на стандардите за професионално новинарство
поттикнување на критичко размислување

Доколку и Вие верувате дека вистината е важна, можете да се приклучите кон движењето за подигнување на јавната свест за борба со дезинформациите. Вашиот интерес може да го изразите преку пополнување на следната форма, а ние ќе Ве информираме за сите следни активности преку кои заедно ќе го унапредиме ова движење.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdS0miirTYh8SbbKug0P1vqWcJvxTUQAlwZWL3kzHzBQfgYTw/viewform

Нашите активности за проверка на факти, борба со дезинформации, критичко размислување и медиумска писменост може да се најдат на https://vistinomer.mk/ , https://crithink.mk/ , https://proverkanafakti.mk .

Сподели: