Метаморфозис организира отворени денови за сите граѓански организации кои се заинтересирани да добијат повеќе информации или поддршка при аплицирање за донација на платформата Techsoup Balkans. Во нашите канцеларии можeтe да се обратите секој втор петок од 14:00 до 16:00 часот со претходна најава за присуство на следниот е-мејл: donacii@metamorphosis.org.mk.

Тимот на Метаморфозис ќе Ви помогне да ги идентификувате потребите на Вашата организација и да го изберете и примените соодветниот софтверски пакет во Вашата организација.

Фондацијата Метаморфозис е партнерска организација за Република Македонија на програмата за софтверски донации Techsoup Balkans.

Techsoup Balkans

На оваа програма за донации Techsoup Balkans, се понудени широк опсег софтверски производи за непрофитни организации и јавни библиотеки кои можете да ги добиете со само плаќање на административна такса. За набавка на софтверски решенија преку оваа платформа како и за да добивате донации, најпрвин мора да се регистрирате преку следниов линк.

Оваа донација е достапна за непрофитни организации со статус Здружение на граѓани или фондација запишани во Регистарот на здруженија и сојузи.

Откако ќе ја завршите регистрацијата (која е индивидуална), Ве молиме пополнете ја и регистрацијата за Вашата непрофитна организација или јавна библиотека на следниот линк.

Напомена: Сите полиња кои се обележани со ѕвездичка се задолжителни за пополнување. При пополнувањето на регистрацијата на платформата Techsoup Balkans, Ве молиме користете само англиска (латинична) поддршка на тастатурата.

Доколку имате прашања или Ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не на следниот е-мејл: donacii@metamorphosis.org.mk.

Сподели: