Започна 5-тото издание на Форумот за мир што се одржува во Базел, Швајцарија. На овој форум каде учествуваат познати политички личности, активисти на организации, академски експерти, бизнисмени од целиот свет, се дискутира за ефектите на пандемијата на коронавирусот врз нашите животи, известува Portalb.mk.

„Кои се последиците од КОВИД-19 во одржување на мирот и поттикнување конфликти во различни градови во светот? Дали урбанизираните земји се поделуваат и стануваат поконкурентни? Дали пандемијата ќе биде поттик за повеќе заеднички напори и заедничка грижа помеѓу нив?„ Ова се некои од прашањата за кои ќе се дискутира три дена по ред на овој форум кој, за разлика од претходните години, се одржува онлајн.

од Северна Македонија, претставник и говорник е директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. Тој ќе има говор на панелот за активизам на социјалните мрежи, утре, 21 јануари 2021 година во 13 часот.

Јашари вели дека во нашиот контекст, активизмот воопшто, a не само дигиталниот активизам, е предизвик и тежок.

„Премногу често, а тоа беше уште поизразено во минатото за време на претходниот режим, луѓето престануваат да се борат и нивниот активизам за социјална правда и еднаквост има повеќе смисла да покажат лојалност кон владејачката политичка партијa, за да за возврат добијат работно место или некој друг вид економски поттик„ – истакна Јашари.

За да бидат активни, на луѓето им е потребна кауза, додаде тој и дека тие дејствуваат само ако навистина се грижат за нешто.

„Тука социјалните мрежи играат важна улога, тие помагаат во подигнување на свеста и споделување на разни информации и пораки, сето ова е критичен дел од активизмот, но мора да се претвори во акција за промовирање на вистински промени. Исто така, треба да се користи заедно со традиционалните форми на активизам за да биде успешен„ – изјави тој.

По завршувањето на говорите, ќе се одржи и работилница на оваа тема.

На оваа работилница ќе бидат презентирани различни форми на дигитален активизам на социјалните мрежи во земјите погодени од конфликти.

„Во многу земји имало протести за време на пандемијата, кои се можностите и ризиците доколку протестите се дигитализираат? се вели во описот на работилницата.

На овој форум ќе се обрати и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

За да ги следите работите во реално време кликнете на овој линк.

Форумот за мир во Базел е прв од ваков вид. Тоа е првиот форум во светот кој се занимава со прашањето на светскиот мир на различни начини и на високи нивоа на хиерархијата на нашето општество.

Сподели: