На конференцијата ќе бидат дадени насоки за идно дејствување на сите сектори во општеството во процесот на градење информатичко општество како и предизвиците што ги носи тој процес.
Конференцијата се одвива во склоп на Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата од оваа област преку излагања на интернационални и домашни експерти. На неа ќе учествуваат претставници на Владата на РМ, ОБСЕ, меѓународни развојни организации, локална самоуправа, медиумите, граѓанскиот и деловниот сектор.
Темите кои ќе бидат опфатени со конференцијата се:
• е-влада • авторски права и приватност
• е-бизнис • компјутерски криминал
• е-образование • слобода на медиумите на интернет
Во продолжение на конференцијата, а со цел да се зголеми граѓанското учество, ќе бидат одржани јавни трибини во Охрид, Скопје, Битола и Тетово.
Заинтересираните за учество на конференцијата и на трибините може да добијат повеќе информации преку е-пошта, на адресата info@metamorphosis.org.mk.
Преземете ја нацрт-агендата за конференцијата (ПДФ, 105 КБ)
Сподели: