Настани
Координативна средба за проектот Отворени образовни ресурси
07.06.2012
Координаторите на проектот ги информираа учесниците за плановите за промотивните активности со цел да се подигне свест кај учениците, студентите, изведувачите на наставниот процес и научно-истражувачките работници за потенцијалите на отвореното образование во целина. Покрај промотивните активности во план се низа работилници на кои ќе бидат презентирани начините за користење на дигиталните технилогии и интернетот во образовниот процес. Во текот на ноември 2012 се планира одржување на Меѓународна конференција за ООР, на која учесниците од земјата и од странство ќе можат да разменат искуства за ООР.
Учесниците, кои се активни на овој план во различни научни и образовни сфери, ги споделија своите искуства во врска приоритетните аспекти на отворените ресурси во едукацијата, како и проблеми со кои тие се соочиле во текот на праксата. Исто така, учесниците дадоа препораки во кои сфери би требало да се интензивираат промотивните и практичните активности со цел зголемување на искористеноста, ефикасното координирање и интензивирање на креирањето и употребата на ООР.
Координаторите на ООР проектот истакнаа дека веб-сајтот на проектот, oor.mk, ќе биде особено разиван во делот „ресурси“, кој е планирано да биде еден вид прегледен каталог и лесен мост кон достапните образовни ресурси во Македонија.