Мегафон е годишен меѓународен настан кој го организира TechSoup Global како простор за дискусии и учење со цел да се поттикнат нови идеи меѓу активисти, групи за акции и невладини организации од Централна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказот, кои работат во полето на градење позитивни наративи и спречување на дезинформации.

Оваа година, настанот се одржа на 8-ми и 9-ти ноември во Варшава, Полска, а како учесници од страна на Фондација Метаморфозис, беа присутни Данче Даниловска – Бајдевска, програмска директорка, и Маријана Јанческа, специјалист за поттикнување на отвореност.

Сподели: