На јавните дебата свои презентации ќе имаат Елена Игнатова (Фондација Метаморфозис) и Ленче Ќурчиева (Министерство за животна средина и просторно планирање), по што ќе биде отворена дискусија за нацрт Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

Настаните се организираат како дел од проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“, на Националниот демократски институт (НДИ), со цел да застапува за донесување на закон за справување со електронски и електричен отпад. Овие активности се во согласност и со тековниот проект на Метаморфозис на оваа тема: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

Нацрт верзијата од законот може да ја преземете на следниов линк: http://0.mk/weee

Учеството на јавните дебати може да го потврдите преку директен контакт со Фросина Тасевска, програмски асистент, преку е-пошта на frosina@metamorphosis.org.mk или на телефон/факс 02/3109-325.

Сподели: